seks_naslovna

 

Најлоши љубовници се оние кои се убедени дека се добри љубовници. Ова важи и за мажите и за жените, покажуваат најновите истражувања.

Добриот партнер во кревет е свесен дека сите луѓе се различни, па во сексот истражуваат и експериментираат, за да го задоволат својот партнер, но секако и себеси. Експериментите и испробувањата се добредојдени во сексот.

За да дојдеме до упатства за рушење на монотонијата за време на водењето љубов, а вие до нови инспирации, ги анализиравме сексуалните навики и обичаи на некои народи ширум светот. Подолу ви ги претставуваме заклучоците.

Француска страст

Французите обожаваат меѓусебно нежно да се задоволуваат. И тоа по можност во исто време, во позата шеесет и девет. Местото Кап д’Аз е најголемата нудистичка населба во светот, што говори за француската слобода. Светската слава на познатиот француски бакнеж не е случајна, а на вас останува силата на овој култ на почетокот да ја пренасочите “таму долу”.

sex_2

 

Англиски вајб

Тоа обично подразбира садо-мазо бидејќи англичаните се познати дека сакаат по некоја нежна шлаканица по задникот или сакаат да господаруваат со некого на секси начин. Причината за оваа застапена навика е системот на приватни училишта во кои наставниците жестоко ги тепале учениците по задникот и рацете. Жителите на Апминистер, да речеме, на еротски играчки трошат седум пати повеќе од просечната плата во земјата. Значи доколку сте се решиле за ова задоволство, за малку да го зачините и придвижите сексуалниот живот обидете се малку “спенкинг”. Но, секако без претерување.

Руска акција

Русите се луди за женските гради и со задоволство го ставаат пенисот помеѓу нив. Најверојатно и вие тоа сте го вклучиле во вашето сексуално сценарио, но колку често тоа го правите во својот автомобил? Русите се најлошите возачи во Европа, а дури една четвртина од нив признале дека имале сексуален однос додека возеле автомобил. Само, вие бидете внимателни, направете го тоа на некој спореден пат. Русите се инаку најневерниот народ, па и тоа нека ви послужи за дополнителна секси имагинација додека совашиот партнер ја играте познатата игра “непознати личности”.

Изворно шведски

Сите сме слушнале за “шведската акција”, луѓето во оваа земја се многу задоволни со квалитетот на сексуалниот живот, па затоа на овој народ може да му се верува кога станува збор за секс. Оваа поза Швеѓаните ја откриле во сауни, бидејќи во нив им била најлесна за практикување, а немало потреба за многу движења. Најсоодветна е за високи температури. Тој лежи на грб, додека таа седнува на него од страна. Уште една поза омилена за оние кои обожаваат да експериментираат.

Грчката алтернатива

Се чини дека аналниот секс бил многу популарен во античка Грција. Судејќи според она што е познато, се практикувал за забава, а со жените првенствено со цел да не забременат. Од друга страна пак, модерните Грци се на прво место по зачестеноста на сексуалните односи, тоа го прават во просек 138 пати во годината. Кој е вашиот просек?

Италијанската имагинација

Италијанците не сакаат секс во автомобил, за разлика од Русите, но отстапување од сексуалната рутина прават каде ќе стигнат. Дури 70 отсто од испитаниците на возраст од 20 до 35 години, признале дека веднаш штом “погледнат” плажа, бараат и некој осамен дел без љубопотни очи, додека секс во лифт се пробале цели 87 проценти. Тоалетот во диско клубовите одамна е брзинска замена за спалната соба. Избори колку што сакате, зарем не?