Вечна желба на некои дами е да ги симнат само оние два фамозни плус килограми. И, тогаш размислуваат која физичка активност е најдоброто решение, па избираат меѓу пилатес, аеробик, пливање и трчање. А тука е и сексот, како една од поинтересните активности. Еве што се покажало како најефикасно.

 

Велат дека за време на секс, мускулите се активно во толкава мерка, што сексот може слободно да се смета за умерена вежба. Некои истражувања покажуваат дека ако сексот во просек трае 25 минути, мажите согоруваат 4,2 калории во минута, а жените 3,1. Ако истата оваа минутажа ја потрошат на трчање, жените просечно согоруваат 7,1 калорија во минута, а мажите – 9,1.

 

Овие податоци не треба да не изненадат, бидејќи се разбира дека повеќе калории се трошат со џогирање отколку со секс, но неверојатна е енергијата која се троши за време на секс, а која е приближна со одењето, што доведува до заклучокот дека сексот е одлична форма на вежбање. Секако, сексот не би требало да го замени редовното вежбање. Најдобро е да се комбинира секс со вежбање и на тој начин да се подобри квалитетот на животот.

 

Рекреативците имаат поредовен секс од другите

 

Исто така, ностражување вели дека рекреативците имаат поактивен сексуален живот од оние кои не тренираат. Секој десетти тркач има секс најмалку еднаш дневно, а 3% од нив дури и два пати дневно. Притоа е откриено дека мажите за време на трчањето често размислуваат за секс, и тоа многу повеќе одошто жените. А, една третина од тркачите признале дека за време на трчање запознале припадничи од спротивниот пол кои исто така трчале рекреативно. Тоа е одличен начин за запознавање, велат научниците и им го препорачуваат топло на оние кои се без партнер.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина