За успешно да ја контролирате телесната тежина и да го оддржувате здравјето, дневно треба да правите по 10.000 чекори. Овој број се чини многу голем, посебно ако имате канцелариска работа или ако долго време минувате во автомобилот. Но, сепак има спас! Стручњаците истакнуваат дека и само по 1.000 чекори повеќе на ден се доволни за во нашето тело да се случат значајни промени. Илјада чекори изнесуваат 800 метри, што е број кој секој може да го испочитува. Важно е само тие 800 метри секој ден да ги минувате и резултатите нема да изостанат.

Некои од полесните начини како повеќе да одите е да го паркирате автомобилот на најоддалечното место од вашата работа, чекорете додека зборувате на телефон и прошетајте до колегата наместо да му пратите мејл. Еве и до кои 5 промени во телото доаѓа ако секој ден чекорите по 800 метри повеќе, односно направете 1.000 чекори повеќе од препорачаните 10.000.

1. Срцето помалку ќе се напрега

И најмали промени од ,,седечкиот,, начин на живот и занимањето со физичка активност, како што е одењето, значително го подобрува здравјето и го намалува ризикот од срцеви болести. Движењето им овозможува на мускулите посилно да пумпаат крв низ телото, со што се намалуваат отчукувањата на срцето, па срцето работи со понормален ритам.

2. Го намалува ризикот од мозочен удар

Зголемувањето на физичката активност директно го намалува ризикот од мозочен удар, а помага и во онтролирање на крвниот притисок, што дополнително го намалува ризикот од мозочен удар.

3. Полесно слабеете и го нормализирате холестеролот

Со чекорење можеби нема веднаш да ослабнете, но по некое време ќе ги видите резултатите. Првите резултати може да ги видите за отприлика 10 недели, дури и ако сте ги задржале нездравите навики, односно ако во животните навики сте ја смениле само количината на изодени чекори. Доколку имате зголемен холестерол, 1.000 чекори повеќе на ден се доволни за да го променат и тоа. Повеќе движење го поттикнува согорувањето на холестеролот и на другите липиди во крвотокот, кои инаку би можеле да ги оштетат крвните садови.

4. Помалку ќе бидете под стрес

Куса, брза прошетка можеби е најдобриот начин за бистрење на главата и да се ослободите од стресот. Имено, додека се движите, телото произведува хемикалии

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина