Не постои диета или здрав режим на исхрана во кои вкусната храна, како компири, чоколада и сирење, не се строго забранети. Колку има вистина во тоа и дали навистина некои од овие намирници се толку многу калорични и нездрави, погледнете сами.

Бел компир: Богат е со витамините Ц и Б6 и со влакна. Има ист состав како црвениот компир, а се разликува од него единствено по тоа што е подобар за готвење, односно за подготовка на пире, додека црвениот е подобар за печење. Причината за тоа е вишокот вода кој го содржи белиот компир. Најдобриот начин за да се подготват и двата видови се варењето и печењето во лушпа.

Шеќер: Луѓето го ставаат шеќерот во групата намирници со висока калориска вредност и мала хранлива вредност, на ист начин како што го прават тоа со колачите и слатките, што е погрешно. Кога јадете само шеќер, вашето тело го претвора во гликоза, која важи за главен извор на енергија. Шеќерот му дава енергија на човечкиот организам и тоа важи за сите видови шеќери. Кафеавиот се разликува од белиот само по поголемата количина на минерали. Сепак, подобра алтернатива и од двата е медот, а вештачките засладувачи треба да се одбегнуваат.

Топла чоколада: Какаото е преполно со здрави соединенија наречени полифеноли, кои го бранат организмот од болести. Ова се однесува на топлата чоколада, која се подготвува од црна чоколада – со висок процент на какао. Топла чоколада треба да пијат спортистите, бидејќи таа е одличен избор за ужина. Но, не треба секој ден да се пие, посебно не како додаток на оброкот.

Пица: Ова задоволство во помали количини не може да му наштети на вашето здравје. Најдобар избор е оној на подготвена пица дома, бидејќи најздравата пица е онаа изработена од брашно од хељда и интегрално брашно, со додаток на печурки, домати и многу зачини. Готовите пици се прават од тесто полно со адитиви и со додаток на салами, кои не се препорачуваат во здравата исхрана. Ако, сепак, не можете да му одолеете на искушението за една добра пица, тогаш треба да ја јадете само еднаш неделно и веднаш по уживањето на ова јадење да појдете во прошетка.

Пуканки: Во пуканките можете да уживате без грижа на совеста. Освен што содржат влакна, тие имаат и здрави антиоксиданси. Се разбира, ова се однесува на пуканките без додатоци и во умерени количини. Тоа значи дека треба да бидат подготвени без сол и масло, иако многу подобра варијанта е јадењето на свежа и варена пченка со додаток на зеленчук.

Јагленохидрати: Се додека вашиот фокус е насочен кон интегралните житарки, како што се оние од цело зрно (лебот и тестенините), јагленохидратите можат да бидат здрави. Јагленохидратите се делат на моносахариди, односно на прости шеќери, и почисахариди, односно скроб. Горенаведените објаснувања се однесуваат на скробот. Нему му треба одредено време по употребата да се разложи на гликоза, да го повиши нивото на шеќер во крвта, и во тоа е неговата предност во однос на моносахаридите.

Сирење: Сирењето е здраво, но во умерени количини. Предност им се дава на кисело – млечните производи. Овој вид намирници се богати со витаминот Б. Најздраво е младото кравјо сирење, без додаток на сол, и козјото сирење. Препораката дека сирењето е здраво важи во зависност како луѓето ги поднесуваат млечните производи. Некои се чувствителни на нив, а некои не се. Но, со тек на годините кај сите опаѓа чувствитеноста на лактоза.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина