Досега сигурно безброј пати сте предупредени дека не смеете ни да помислите на шеќерот ако ве мачи уринарна инфекција.

 

Ешерихија коли, која во најголем број од случаите е одговорна за воспаление на мокрачниот меур, но и за други уринарни проблеми, се насладува со нив, па слатките задоволства можат да ја влошат состојбата. Но, дали сте слушнале за Д-маноза?

 

Се работи за состојка која се крие во јаболките, портокалите, праските и боровинките. Имено, бројни истражувања покажале дека се работи за моќен борец потив уринарните инфекции, посебно против циститисот.

 

Најчесто се зема во облик на суплементи – прашок или капсули – a само за два дена може да ве спаси од пецкањето и отежнатото уринирање предизвикана од ешерихија кола. Таквите резултати делумно ја побиваат теоријата дека се што е слатко им одговара на бактериите. Имено, Д-манозата не е ништо друго туку шеќер! Да, добро прочитавте!

 

Поинаква од другите шеќери

 

Д-манозата припаѓа во прости јагленохидрати. Веројатно сте запознаени со тоа дека тие многу брзо го подигаат нивото на шеќерот во крвта, бидејќи речиси веднаш се разложуваат на шеќери, кои кај здравите со помош на инсулинот стигаат до клетките и ткивата. Од друга страна, простите јагленохидрати можат да бидат погубни за оние кои патат од метаболички синдром, или од дијабетес.

 

Меѓутоа, за разлика од другите едносложни јагленохидрати, Д-манозата откако стигне во нашиот организам, воопшто не се однесува како шеќер, иако според класификацијата се тоа. Тие не ја покачуваат гликозата. До тоа доаѓа затоа што во телото се задржува мал, речиси незамерлив дел. Остатокот се филтрира во бубрезите, а потоа целосно се излачува преку урината.

 

Тоа значи дека овој вид јагленохидрати без никакви последици можат да ги користат дури и оние кои имаат дијабетес, кои спаѓаат во една од ризичните групи кога се работи за уринарни инфекции. Сепак, пожелно е пред употреба да се направи консултација со доктор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина