tezina_naslovnaПовеќето од нас знаат дека клучот за губењето на телесната тежина лежи во внесувањето на помалку калории и повеке движење. Но, доколку сето тоа сте го направиле како што треба , а сеуште не можете да ја намалите телесната тежина, па дури и добивате на тежина можеби имате некој скриен непријател кој ги саботира вашите напори. Симптомите можат да бидат толку суптилни, што дури и вашиот лекар може да не ги забележи.

Следат четири можни причини зошто некои жени едноставно не можат да ја загубат телесната тежина, и покрај силните вложени напори.

Намалена функција на тироидната жлезда

Тироидната жлезда произведува хормони кои го регулираат начинот на кој телото ја користи енергијата. Забавената функција на тироидната жлезда (хипотироидизам)го нарушува метаболизмот, како и многу други аспекти на здравјето на луѓето.

Освен зголемувањето на килограмите и неможност за на губење на тежината, може да се почуствува и замор, губење на косата, сува кожа, болки во зглобовите и болки во мускулите, зголемена чувствителност на студено, па дури и депресија. Повеќето луге со забавена фунција на тероидната жлезда се чувствуваат безволно, без притоа да имаат видливи знаци дека се навистина болни.

tezina_1

Нерамнотежа на хормоните

Секоја десетта жена во својот репродуктивен период има синндром на полицистични јајници, состојба во која јајниците произведуваат вишок машки хормони. Покрај тоа што предизвикува проблеми со овулацијата и плодноста, синдромот оди рака под рака со инсулинската резистенција, која често се поврзува со акумулација на вишокот на масти, особено околу половината. Ако не се лекува, инсулинската резистенција може да доведе и до дијабетес тип 2.

Освен нередовната менструација, симптомите на полицистични јајници се влакнавост низ целото тело, акни, проблеми со тежината (иако не сите со полицистични јајници го имаат овој проблем).

Проблематична храна

Повеќето луге се свесни доколку се алергични на некоја храна, но многу од нив се нетолерантни на некои намирници. Во случајот на алергија, вашиот имонолошки систем погрешно ја идентификува некоја храна како штетна и предизвикува моментална реакција. Случајот, пак, на нетолеранција кон одредена храна може да има различни причини, вклучувајќи недостаток на одредени ензими за варење (како и кај нетолеранцијата на лактоза) или чувствителност на адитиви во храната, па се манифестира со текот на времето. Пречките од овој тип најчесто се предизвикани од млечни производи, глутен, јајца, соја, пченка. Експертите проценуваат дека нетолеранција на одредена храна го погодува еден од десет луѓе.

Симптомите можат да бидат честа надуеност и гасови, дијареа, запек, како и навидум неповрзани симптоми како што се блага астма, егзема, главоболки, болки во мускулите и зглобовите, замор.

Лекови од кои ја зголемувате телесната тежина

Зголемувањето на телесната тежина може да биде пропратен ефект на некои лекови, како што се антидепресивите, стероидите и поретко, пилули за контрола на раѓањето.

Можеби ќе забележите зголемување на телесната тежина во првата недела од користењето на лековите, но највероватно ќе ви бидат потребни неколку месеци за да ги забележите првите знаци. Разговарајте со вашиот лекар за можност за земање на некој алтернативен лек. Запомнете, немојте никогаш на своја рака да ја прекинете терапијата.