Познато е дека конопот е една од најстарите култивирани растенија, која првенствено се одгледува како извор на влакна за хартија и текстил – но се чини дека дури од неодамна е пласирана на пазарот како вреден прехранбен производ. Кога ќе се каже коноп, веднаш може да се привлече вниманието кај некои луѓе, со оглед на тоа дека конопот е технички познат под латинското име canabis sativa односно марихуана. Сепак, во прехранбената индустрија се употребува поинаков вид на canabis sativа, така што нејзиното консумирање нема да доведе до никакви психолошки ефекти.

Конопот, исто како и другите растителни намирници, има неколку интересни нешта кои, гледано прехранбено, одат во негова полза. Влакнестиот дел од растението се употребува за изработка на предмети како јажиња и ткаенина, додека семето, кое е богато со масти и протеини, се консумира како храна. Како и другите јаткасти плодови и семки, содржи природни масти кои за време на никнувањето му служат на растението како концентрирани извори на енергија, бидејќи имаат урамнотежен сразмер на омега-6 и омега-3 масни киселини. Што се однесува до протеините, семето на конопот е богато со цел спектар на есенцијални аминокиселини – составни елементи кои телото ги користи за производство на сопствени протеини, а тие во поглед на квалитетот се слични со протеините на сојата. Семето исто така содржи некои влакна и е извор на витамините Б и Е и на минералите калциум и магнезиум.

Брашното од коноп се добива од семето, односно од она што останува по отстранувањето на маслото од семето. Иако не може да се направат пецива само од него, сепак четвртина од наведеното брашно во рецептите може да се надомести со ова брашно. Тоа додава малку вкус на ореви во производите.

Од семето на конопот освен брашно се добива и млеко – слично како што млекото од соја се добива од зрната на сојата. Хранливите материи се разликуваат меѓу брендовите, но шолја чисто млеко од коноп во просек содржи околу 5 гр. масти, 3-5 гр. протеини и околу 120 калории. Сепак, поради додадените шеќери, бројот на калории во верзите со разни видови вкусови може да достиге и до 190 калории по шолја млеко. Млекото од коноп има сладникав вкус на орев. Од него се прави сладолед.

Можете да налетате дури и на путер од коноп. Многу е сличен со путерот од кикиртики, но пред да го пробате мора да знаете и дека и не изгледа баш како него. Тој е всушност зелен по боја, но затоа има одличен вкус на ореви, па може да го користите за вашите омилени сендвичи или како состојка во преливи и сосови. Две лажици путер од коноп содржат околу 180 калории и 9 гр. протеини.

Во продавниците за здрава исхрана може да се најдат и семе и масло од коноп. Повеќето луѓе семето го употребуваат за посипување врз житарките, салатите или за во јогурт. Маслото дава вкус на орев во преливите за салати, а на многумина им се допаѓа во комбинација со други масла, како што се маслиновото и сончогледовото масло. Многу добро е и ако ставите неколку капки од него врз варен заленчук. Една лажица семе од коноп содржи околу 55 калории и 3 гр. протеини. Тоа има отприлика еднаква количина калории како и другите масла добиени од семе – околу 130 во една лажица.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина