Сигурно веќе имате слушнато безброј ,,извештаи,, за бадемовото млеко, за неговите нутритивни предности и огромните количини вода кои се потребни за да се одгледа бадемот. Од тука, неизбежно се поставува прашањето – дали бадемовото млеко е навистина супер намирница како што честопати читаме или се работи за обична ,,измама,,? Еве што е потребно се да се знае во врска со ова млеко.

Бадемовото млеко не е богат извор на протеини

Вистина е дека јаткастите плодови содржат голема количина протеини, но ова не се однесува на млеката кои се добиваат од нив, со оглед на тоа што тие се најчсто разредени со вода. Во еден филџан обично млеко има 8 грама протеини, додека во филџан бадемово млеко само – 1 грам протеин. Ако се решите во својата исхрана да внесете млеко со растително потекло, секако погрижете се да пронајдете други извори на протеини.

Адитивот карагенан не е толкава закана како што бил некогаш

Карагенот е популарен ,,природен,, адитив кој се добива од морската трева, а се користи за згуснување на храната како што се јогуртите, сладоледите и млеката од растително потекло. Во последниве неколку години тој често бееше поврзуван со заболувања како што се иритација на системот за варење и воспалителни процеси, а се сметаше дека е потецијално канцероген. Меѓутоа, барем кога се работи за бадемовото млеко, повеќе не мора премногу да се грижите, бидејќи повеќето произведувачи го имаат исфрлено карагенот од своите производи.

Бадемовото млеко може да биде премногу слатко

Иако се работи за моментално многу популарна намирница, бадемовото млеко нема секогаш да биде добро за вас – тоа зависи од видот на млеко кое го купувате. Ако штотуку се запознавате со бадемовото млеко, можеби ќе помислите дека ,,оригинално,,, е вистинската опција која можете да ја купите, но тоа не е вистина. Овој вид бадемово млеко најчесто е преполно со додадени шеќери, кои можат да достигнат ниво и до 16 грама по филџан. За вас најдобра опција е она кое има ознака ,,без шеќер,,, но и тогаш секако проверете го удделот на шеќер кои се наоѓа во пакувањето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина