Според најновите истражувања, чоколадата не само што е вкусна, туку таа има и бројни здравствени предности во однос на другите намирници, а за разлика од нив има единствен и магичен вкус. Како што покажуваат научните истражувања, чоколадата не само што годи во секој дел од денот, па дури и навечер, туку таа и го намалува ризикот од мозочен удар и болести на срцето, го подобрува расположението и покажува одлични резултати при лекување на Алцхајмеровата болест.

Не треба да се заборави дали е чоколадата добра, или здрава кога се јаде во малку количини и кога се консумира црна чоколада со повеќе од 70% какао. Неодамнешните истражувања пожале дека млечната чоколада исто така има вредни хранливи состојки кои ја намалуваат можноста за срцеви проблеми.

1. Чоколадото е добро за срцето и за крвните садови

Неодамнешните студии покажале дека темната чоколада помага за регенерација за подвижноста на артериите, но и дека ги спречува белите крвни зрнца да се лепат за ѕидовите на крвните садови, што е честа причина за појава на блокирање на артериите.

2.Чоколадата го намалува ризикот од мозочен удар

Едно истражување спроведено во Финска покажало дека консумирањето чоколада го намалува ризикот од мозочен удра и тоа за 17%.

3. Чоколадата е богата со минерали

Темната чоколада е богата со вредни минерали како што се калиумот, цинкот и селенот, а 100 грама темна чоколада содржи 67% од препорачаното консумирање на железо.

4. Чоколадата го намаува холестеролот

Доволното консумирање какао преку чоколадото докажано го намалува нивото на лошиот холестерол и влијае на подигањето на добриот, што го намалува и ризикот од кардиоваскуларни болести.

5. Чоколадата е добра за кожата

Флавонолата во темната чоколада може да ја заштити кожата од штетното сончево зрачење.

6. Чоколадата може да ви помогне да ослабнете

Треба да се запознаете со начинот на кој вашиот организам функционира. Важно е да се знае дека темната чоколада може да се зема по оброк, а не на празен стомак, бидејќи на тој начин се нарушува постоечкиот ендокрин баланс во организмот.

7. Чоколадата е добра за мајките и бебињата

Финската студија неодамна направена открила дека чоколадата го намалува стресот кај бремените жени и децата на таквите мајки често се смеат од децата на оние мајки кои не јаделе чоколада.

8. Чоколадата може да спречи дијабетес

Можеби звучи лудо, докажано ја подобрува чувствителноста на инсулин. Значи, темната чоколада, секако во умерени количини, го одложува и спречува дијабетесот.

9. Чоколадата е добра за мозокот

Нарушеното ниво на флавонолот е причина поради се јавува губење на помнењето кај постарите луѓе. При повреда на мозокот црната чоколада покажува исклучително позитивни резултати.

10. Чоколадата го подобрува расположението

Чоколадата содржи ,,молекула на љубовта“, истата хемиска супстанција која во нашиот мозок се произведува и кога ќе видиме некоја симпатија. Фенилетиламинот го стимулира нашиот мозок, со тоа што овој го поттикнува производството на ендорфин.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина