Редовното одење во сауна би можело да го намали ризикот од мозочен удар за повеќе од 60% кај мажите и жените во средни и постари години, покажала најновата студија објавена во списанието Neurology.  Во Финска, каде била спроведена оваа студија, сауната веќе одамна ја сметаат за средство за создавање на поотпорно тело. Истражувањето било извршено врз 1.628 мажи и жени на возраст помеѓу 53 до 74 годии. Оваа група ја следеле дури цели 15 години, нивното кардиоваскуларно здравје и зачестеноста на појавата на мозочни удари.

 

Повеќето Финци одат во сауна барем еднаш неделно, а учесниците во ова истражување биле поделени во три групи – едната група оделе во сауна еднаш неделно, другата група два до три пати во неделата, а третата група одела три до четири пати неделно. Токму последнава група, со најголем број посети на сауна, имала повеќе од 60% помал ризик од мозочен удар во споредба со оние кои оделе еднаш неделно. Средната група имала за 12% помал ризик во споредба од првата група.

 

Ова е опсервациска студија, па не постојат докази дека сауните директно предизвикале помала зачестеност на мозочните удари. Сепак, сауната има разни здравствени предности и тоа е докажано. Постојат студии кои ја поврзуваат сауната со помалиот ризик од висок крвен притисок и болести на белите дробови, како и помали ризици од срцев удар. Бројни истражувања покажуваат дека изложеноста на различни температури – на топли и студени – може да придонесе за подобро здравје. На пример, престојот во сауни и топлите купки ги намалуваат воспаленијата во телото, го подобруваат шеќерот во крвта, го намалуваат крвниот притисок… Од друга страна, исложеноста на екстремен студ може да им помогне на луѓето во согоувањето на маснотиите во телото и во подобрување на имунолошкиот систем. Една неодамнешна студија објавена во списанието Nature докажала дека изложеноста на постудени температури може да ги трансформира маснотиите кои ги формираме во телото во поздрав варијанта и така да помогне во губењето на вишокот килограми.

 

Сите предности од одењето во сауна

 

Препораката на стручњаците гласи одење во сауна 3 до 4 пати неделно. При една посета на сауната, 20 минути треба да се престојува во неа, а потоа 20 минути да се лади телото, па повторно да се влезе во сауната. Во сувата сауна температурата изнесува, 90 до 100 степени целзиусови, а степенот на влага е многу мал, до 10%. Ова се сите полезности кои телото ги има од сауната:

 

За мозокот:

 

  • Помага во растот на нови клетки.
  • Помага мозокот побрзо да работи.
  • Ги подобрува помнењето, вниманието и концентрацијата.
  • Помага во спречување на дегенеративните болести.
  • Ја подобрува моќта на медитацијата и визуелизацијата.
  • Ја олеснува депресијата.
  • Природен стимулатор е на доброто расположение.

 

За телото:

 

  • Помага мускулите да бидат поголеми, посилни и поефикасни.
  • Ги зголемува шансите за долговечност и го забавува стареењето.
  • Предизвикува масовно ослободување на хормоните за раст, кои се поврзуваат со создавањето мускулна маса, и ги намалува количините масни наслаги.
  • Го јакне имунолошкиот систем.
  • Ја подобрува чувствителноста на инсулин (го намалува ризикот од дијабетес и болестите на метаболизмот).

 

Со потењето излегуваат овие токсини од телото:

 

  • Токсични метали во трагови: арсен, кадмиум, олово и жива.
  • Бисфенол-A (BPA) – ги нарушува хормоните и ендокриниот систем. Го има во играчките, шишенцата за бебиња, пластичните садови, лименките и т.н.
  • Фталати, DEHP – можат да влијаат на машкиот полов развој и да предизвикаат појава на рак. Пронајдени се во многу пластични предмети и во некоја храна.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина