Често не советуваат да ги одбегнуваме грицките, но тие не мора да бидат лоши. На пример, семките од тиква се и тоа како ,,хоби,, покрај омилениот филм или за време на некој спортски натпревар, а со тоа може да бидат одличен начин да се внесат во организмот потребните нутриенти и да направиме нешто добро за нашиот организам. Самите тикви се многу здрави, но и нивните семки подеднакво содржат многу квалитетни состојки кои му се потребни на нашето тело, како што се магнезиум, калциум, железо, цинк, витамин К, манган, фосфор, влакна и протеини. Тие го чуваат имунитетот и му помагаат на организмот да ги развива клетките, го подобрува спиењето, видот и кожата. Овие чудесни семки содржат и соединенија кои му помагаат на организмот да се избори против многу болести.

Семките од тикви можат да се јадат сирови или запечени во рерна на температура не поголема од 170 степени целзиусови, околу 15 минути. Можат да бидат одличен додаток во салатите, супите и сосовите. Еве зошто уште треба да ги јадете почесто:

1) Се борат против ракот

Едно истражување од страна на група германски научници открило дека жените кои минале низ менопаузата и кои секојдневно јадат семки од тиква имаат за 23% помал ризик да добијат рак на дојка. До овој заклучок дошла и група шпански истражувачи во друго истражување. Тие дошле до заклучок дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против клетките на различни видови рак и дека имаат антивоспалително дејство.

2) Ги ублажуваат симптомите на менопаузата
Не само што ги намалуваат шансите жените во средни години да заболат од рак, туку можат да им помогнат и да го подобрат расположението или да ги ублажат симптомите на менопаузата. Семките од тиква ги регулираат нападите на топлина, ја намалуваат болката во зглобовите и ја намалуваат зачестеноста на наглите промени на расположението.

3) Го намалуваат холестеролот

Ако имате висок холестерол, семките од тиква се идеален избор за вас, бидејќи според истражувањата, тие можат да го намалат лошиот холестерол за 13%, а нивото на целокупниот холестерол за 10%. Исто така, го намалуваат и ризикот од настанок на тромбови, од болести на кардиоваскуларниот систем, мозочен и срцев удар и го регулираат крвниот притисок.

4)Штити од дијабетс

Семките од тиква се богати со здрави незаситени масни киселини, а научниците откриле дека се ефикасни во регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Токму затоа, овие семки им се препорачуваат на дијабетичарите секојдневно да ги консумираат.

5) Помагаат во слабеењето

Бидејќи се богати со влакна и протеини, долго време ќе ве држат сити. Само 30 грама семки од тиква содржат повеќе од 5 грама протеини или околу 285 калории по шолја. Затоа, консумирајте ги умерено.

6) Се борат против депресијата

Не само што го подобруваат физичкото здравје, туку делуваат ефикасно и врз психичкото здравје, односно на намалување на симптомите на депресија, стрес и анкциозност.

7) Ги ублажуваат симптомите на артритисот

Научниците утврдиле дека семките од тиква имаат антивоспалително дејство кое ги ублажува симптомите на артритисот. Само 30 грама семки од тиква дневно се доволни за да ги олеснат тегобите.

8) Спречуваат настанување остеопороза
Семките од тиква се одличен извор на цинк, минерал кој е потребен за градење на коските. Само во 1/4 шолја семки од тиква има дури 17% од препорачаната дневна доза вредности на цинк.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина