Салата со кус-кус и пилешко месо
Ова е одличен нискокалоричен оброк. Комбинацијата на протеини и јаглехидрати е идеална како оброк за после тренинг.
Потребни состојки:
- 150 g пилешко филе
- 10 g маслиново масло
- 30 g кус-кус
- 150 g зеленчук (морков, целер, кромид, домати)
- 1/2 лимон или лимета
- Зачини (кари, лута пиперка)
Начин на подготовка:
Пилешкото филе исечкајте го на коцки и кратко попечете го.
Потоа тавата со месото отстранете ја од оганот, посипете со кари, лута пиперка или некој друг пикантен зачин, прелијте со малку вода и гответе се заедно околу 15-20 минути.
Кога месото ќе омекне, оставете го да се излади во тавата во која сте го подготвувале.
Кус-кусот подгответе го според упатствата на пакувањето.
Во подготвениот кус-кус додадете свежо рендан морков, корен од целер, кромид исечкан на ленти, домати исечени на четвртина и изладеното пилешко месо.
Прелијте со маслиново масло, сок од лимон и сето тоа нежно промешајте го.
Хранливи вредности:
Енергетска вредност: 332 kcal
Протеини: 37 g
Масти: 12 g
Јаглехидрати: 19 g