Луѓето во Финска често практикуваат потење во сауни. Се покажало дека се помали шансите да имаат срцеви проблеми или дека ќе умрат прерано поради оваа навика. Препораката на стручњаците е да се оди во сува сауна три до четири пати неделно. При едно одење во сауна треба да се задржите 20 минути, па исто толку време да го ладите телото, и пак да влезете во сауната на 20 минути. Во сувата сауна температурата е висока, 90 до 100 степени целзиусови, додека нивото на влага е ниска, до 10%.

Еве кои се благодетите од сауната врз организмот:

За мозокот:

  • Помага за раст на нови мозочни клетки

  • Помага за побрзо работење на мозокот

  • Го подобрува помнењето, вниманието и концентрацијата

  • Помага да се спречат дегенеративните болести

  • Ја подобрува моќта на медитацијата и визуелизацијата

  • Ја ублажува депресијата

  • Пророден стимулатор е на доброто расположение

За телото:

  • Помага мускулите да бидат поголеми, посилни и поефикасни

  • Ја зголемува можноста за долговечност и го забавува стареењето

  • Предизвикува масовно ослободување на хормонот за раст, кој се поврзува со создавањето мускулна маса и намалување на количината на масни наслаги

  • Го јакне имунолошкиот систем

  • Ја подобрува чувствителноста на инсулин (го намалува ризикот од дијабетис и болестите на метаболизмот).

Преку потење излегуваат овие токсини од телото:

  • Токсични метали во траги: арсен, кадмиум, олово и жива
  • Бисфенол – А (БПА) ги нарушува хормоните и ендокринолошкиот систем. Го има во играчките, пластичните садови, лименките и др.
  • Фталати, ДЕХП – можат да влијаат врз машкиот полов развој и да доведат до појава на рак. Се наоѓаат во многу пластични садови и во некоја храна

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина