Иако повеќето парови ќе кажат дека најважно е детето да се роди здраво и живо, на голем број родители важен им е и полот на идното бебе – посебно ако имаат три девојчиња и сакаат момче или обратно. Желбата да се одбере полот на детето е стара колку и човечкиот род. Уште старите Грци се обидувале да добијат син, така што за време на сексуалниот однос мажите лежеле на левата страна за време на сексуалниот однос. Французите во 18 век го подрзувале левиот тестис за да обезбедат свој наследник, а Данците под креветот ставале ножици со желба да добијат девојче. Времињата минувале, обичаите и сфаќањата се менувале, но желбата за одреден пол на детето останала иста.

Досега се уште не е пронајден ефикасен метод кој ќе гарантира одреден пол на детето, но постојат одредени техники кои наводно ги зголемуваат шансите. На вас останува да ги испробате.

Кинеска табела за пол

Иако научниците ја демантираат сигурноста, истражувањата покажале дека оваа табела во 50% случаи го погодува полот. Според неа, елементите земја, воздух, оган и вода во духот на родителите можат да влијаат на среќата и зачнувањето на детето во одреден пол, а се пресметува врз основа на годините на мајката за време на зачнувањето, како и на самиот месец на зачнувањето.

Методот на доктор Ландрум Шетлес

Оваа техника има одредена научна вредност, а доктор Шетлес тврди дека е успешна и во повеќе од 80% од случаите ако парот сака момче и околу 75% ако сака девојче. Се базира на темпирањето на сексот според овулацијата. Така, оние кои сакаат да добијат момче, треба да го планираат сексот на самиот ден на овулацијата, а оние кои се за девојче тоа треба да го направат три до четири дена пред овулацијата. Шетлес тврди дека неговиот метод е точен, бидејќи половата гамета која го носи хромозомот X и резултира во девојче е поголема и побавно се движи, но живее подолго од Y (машкиот) хромозом, кој е помал, побрз и живее пократко.

Влијанието од храната

Овој метод има добиено позитивни критики од страна на новопечените родители, а се темели на верувањето дека исхраната на идната мајка влијае врз полот на детето, бидејќи ја менува pH киселоста на репродуктивниот тракт. Y хромозомите т.е. машките, најдобро ,,успеваат,, во алкална средина, додека X женските хромозоми повеќе сакаат кисела средина. Така, ако парот сака момче, мајката треба да јаде многу месо, јајца и воопшто намирници богати со протеини. За девојче, добра е исхраната која изобилува со калциум – па жената треба да пие многу млеко, но и да јаде риба, зелена салата… Според истражувањата, овој метод е успешен во околу 80% од случаите.

Методот 0+12

Овој метод го открила една мајка од Австралија, која имала шест синови и која ги минала годините надевајќи се на ќерка. Откако испробала бројни методи, решила да испроба да има секс точно 12 часа по овулацијата, која ја мерила со лентички коишто можат да се купат во аптека. Успејала, и по само еден сексуален однос добила девојче. Низ годините, овој метод се покажал 70% ефикасен.

Местење во добра поза

Овој метод се базира на побрзото движење на сперматозоидите и бавното движење на женските. Киселоста на вагината го загрозува зачнувањето на момче, па оние кои сакаат бебето да биде машко треба да користат пози кои овозможуваат длабока пенетрација за време на овулацијата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина