Ловоровиот лист често се употребува во кулинарството. Но, дали знаете колку оваа зачинско растение е всушност здраво и дека може да излекува разни болести, како и дека со помош на него можете да се ослободите од стресот за помалку од 5 минути? Погледнете во продолжение на овој текст кои се здравствени проблеми може да се решат со него.

Ловорот е богат извор на витамини од Б групата, кои помагаат за подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем, делуваат поволно на метаболизмот и на хормонскиот статус. Исто така, ова растение содржи бројни минерали, како што се: калиум, бакар, манган, калциум, селен, железо, магнезиум и цинк.

За подобро варење

Благодарение на своите бројни корисни состојки, ловоровиот лист го стимулира процесот на варење и ги отстранува грчевите во стомакот и желудникот. Чајот од ловоров лист се употребува и во лекувањето на анорексијата, односно губење на апетитот. Покрај тоа, маслото од ловоров лист успешно лекува габични заболувања, како што е на пример габичната инфекција на ноктите, бидејќи ова масло има силно противгабично дејство.

За ублажување на болки

Маслото од ловоров лист се користи за лекување болки во ушите, модринки и истегнувања. Неговото силно аналгетско делување го прави речиси незаменлив во терапијата на лекување на болки. Се користи и против главоболки, бидејќи содржи партенолиди, супстанции кои делуваат поволно на мигрената. Исто така, ова растение успешно се бори и против реумата, а болките во зглобовите можете лесно да ги отстраните со ставање овлоги од ловорово масло, кое можете и самите лесно да го направите. Ќе истолчите во аван 20 грама свежи (зрели) бобинки од ловорови листови, кои потоа ќе ги варите 15 минути во 1 литар врела вода. Добиениот сок процедете низ платнена крпа и оставете го да се излади. Потоа од површината соберете го маслото и измешајте го со 1 лажичка несолена свинска маст. Добро измешаната смеса чувајте во стаклена тегличка или пластичен сад и по потреба тријте ја на болните места во тенок слој, два до три пати дневно.

 

lovorov-list1

 

Чај против гихт

Ловоровиот лист може да биде од голема помош и при терапијата кај гихт. Чајот можете вака да го подготвите: Прелијте пет ситно исецкани ловорови листови со 5 дл. врела вода. Варете околу 5 минути на тивок оган, па тргнете го на страна и оставете го да отстои до следното утро. Процедете го чајот и пијте на секој час по една лажица од него. Навечер пак направете нова количина за следниот ден и земајте го редовно вкупно три дена.

За исфрлање на вишокот сол од организмот

Навечер, 1 лажица со ситно исецкани ловорови листови прелијте ја со 3 дл. вода и варете најмногу 5 минути. Добиениот чај претурете го во термос и оставете го да отстои до утредента. Наутро процедете ја течноста и распределете го напитокот за целиот ден. Пијте во мали голтки, никако немојте одеднаш да го испиете. По 7 дена можете да го повторите третманот. Ако се појави зачестено мокрење, тоа е знак дека ловоровиот лист почнал да ги раствора солите, па тоа знае да го изиритира мочниот меур. Вистинските резултати од ова лекување ќе бидат видливи дури по десеттина дена, кога ќе се чувствувате многу полесно, а блките во зглобовите ќе исчезнат.

За растење на косата

Со помош на ловоровиот лист можете да го поттикнете растењето на косата. Измешајте во 2,5 дл шапмон 80 капки етерично масло од сладок портокал и 20 капки етерично масло од ловоров лист. Користете ја оваа мешавина за редовно миење на косата и ќе забележите како косата ви станува посилна, побујна и како побрзо ви расте.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина