Флибенсерионот требало да биде антидепресив. Но, жените кои учествувале во тестирањето на лекот пријавиле зголемено либидо, па затоа германската фармацевтска компанијаБерингер Ингелхајмодлучила да ја лансира ,,женската вијагра“. Така, Флинбасеринот им помага посебно на жените во менопауза кои патат од недостиг на заинтересираност за секс. На конгресот на Европското друштво за сексуална медицина во Лион, водачот на истражувачката група која се занимавала со Флибансеринот, професор Џон Торп, објаснил дека овој лек е лош антидепресив, но дека се откриени други функции на овој лек. Според него, тој е просечен антидепресив, но дека од неговата употреба е забележано зголемено либидо кај лабораториските животни, но и кај луѓето, поточно кај жените.
Во истражувањата спроведени во Канада, САД и Европа, учествувале околу 2.000 жени. Анализите покажале дека кај оние жени кои земале 100 мг. од овој лек, било забележано зголемување на сексуалниот нагон.
Најчести сексуални проблеми кај мажите е ерективната сифункција, а кај жените тоа е намалениот сексуален нагон. Овој лек во суштина е ,,женска вијагра – објаснува Торп.

На пазарот дури за три години

Флибансерин е се уште во експериментална фаза, иако директорот на Берингер Ингелхајм“, втора по големина фармацевтска омпанија во Германија, Андреас Барнер, во јули оваа година, за германското списаниеВиртшафтс вохе“, изјави дека лекот ќе може да се најде за две – три години на пазарот. Притоа, компанијата го подготвува лекот најпрво за пазарот во САД, а потоа и за Европа и другите пазари. Хипоактивното нарушување на сексуалниот нагон или ХССД (Hypoactive Sexual Desire Disorder) е сексуално нарушување од кое боледува секоја десетта жена во САД. Сепак, критичарите сметаат дека ХСДД е измислена болест, од која корист имаат само фармацевтските компании. Терапевтката и активистка Леонор Тифер веќе долго време се занимава со ,,измислените,,болести кои ги лансира фармацевтската индустрија. Таа тврди дека она што научниците се обидуваат да го лекуваат со Флибансерин не е болест, туку нарушување. Тоа се нормални реакции на организмот на немедицинските фактори, како што се стресот, проблеми во врската, незадоволство од физичките промени низ кои минува телото за време на менопаузата или пак замор, кој е карактеристичен за жените во тоа доба, кои истовремено се грижат за децата, домаќинството и кариерата.

 

zenska-vijagra

Портпаролката наБерингер Ингелхајмне се согласува со овие тврдења:

– Потребата за овој лек и тоа како постои. ХСДД не е измислена болест, таа е вистински проблем.

Како и да е, жените набрзо ќе можат да уживаат во сексот, користејќи ги овие розови пилули, кои со право го добија прекарот ,,женска вијагра.

Научниците во Италија спровеле истражувања врз 40 волонтерки на старост помеѓу 40 и 50 години, и на друга група на старост помеѓу 37 и 45 години. И двете групи пријавиле подобрување на сексуалниот живот по осум недели користење на овие таблети.

Но, британскиот гинеколог Енди Хипс на ова вели:

– Женската сексуалност е многу комплексна. Не постои само една причина за проблемите и не постои само една волшебна таблета која ќе го реши тоа. Исто така, ова не се афродизијаци. Ако партнерот не ве ,,запалил,, никакви таблети нема да ви помогнат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина