Се си има свој рок на траење, па така и нашето тело. Постојат низа нешта кои нашите тела можат лесно да ги поднесат во дваесеттите и триесеттите години од животот, но не и во четириесеттите. Лошите навики на крај ни се удираат од глава, а сето тоа може да се одбегне доколку реагираме на време. Еве што се треба да се одбегнува.

1. Зависност од мобилни телефони

Дали се разболуваме поради овие дигитални уреди? Истражувањето спроведено во 2011 година на Универзитетот Хауард дошло до заклучок дека претераното гледање телевизија го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања и болести на срцето, а придонесува и за цела низа фактори кои предизвикуваат предвремена смрт.

А едно неодамнешно истражување кое го спровеле докторите од факултетот Бригам, Бостон, дошло до заклучок дека сината светлина која ја емитираат таблетите, мобилните телефони и слични уреди е штетна за биоритамот. Поточно кажано, го нарушува биоритамот и предизвикува несоница. Затоа, ако сакаме да останеме здрави, треба барем по 10 минути од секој час да не ги користиме овие уреди, и тоа така што додека не сме покрај екранот, да скокаме, трчаме, шетаме или танцуваме.

2. Недоволно сон

Како и мобилните телефони, така и на мозокот му е потребно време да се наполни. Возрасните, на возраст од 18 до 64 години, треба да спијат најмалку од 7 до 9 часа дневно! Депривацијата од сон делува погубно на организмот. Доведува до пречувствителност, ја зголемува можноста за мозочен и срцев удар и трупа килограми! Ако не спиеме онолку колку што му е потребно на организмот за да закрепне, го изложуваме умот на дополнителен напор, кој поттикнува развој на депресија. Покрај тоа, оние кои слабо спијат, по правило изгледаат многу постаро.

3. Дентална хигиена

Чистењето заби со конец редовно го отстранува забниот камен, кој е клучен за одржувањето на здрави заби и непца. Проблемите со непцата се појавуваат токму на почеток на четириесеттите години и почесто се јавувата кај жените отколку кај мажите.

rok11

4. Нередовна исхрана

Целодневното гладување може да се чини како одличен начин за губење на вишокот килограми. Погрешно! Со таквото однесување само се зголемуваат шансите до крајот на денот да се прејадеме со нездрава храна. Со тек на време, нередовните прехранбени навики можат да доведат до развој на дијабетес тип 1!

 

rok22

 

5. Игнорнорирање на симптомите на болест испратени од телото

Кога телото ни порачува дека нешто не е во ред, треба да обратиме внимание и да делуваме. Раното откривање на болеста е клучно за нејзиното искоренување.

6. Пушење, макар и привремено

Ако палиме ,,овде-онде,, тоа не значи дека не сме пушач. Дури и ако оваа грда навика ја имаме сведено на неколку цигари дневно или месечно, и понатаму спаѓаме во категоријата на пушачи, а оваа страст кон тутунот за 90% ја зголемува можноста за умирање од последиците од пушењето.

7. Одбегнување млечни производи

Жените кои одбегнуваат да јадат и пијат млечни производи, со цел да ја одржуваат линијата и да имаат рамен стомак, им нанесуваат огромни штети на коските. Ао сепак не го внесуваме преку храната, тогаш треба да настојуваме да земаме надоместоци во вид на шумливи таблети. На организмот му се потребни околу 1.000 милиграми калциум дневно.

 

rok44

 

8. Кауч наместо тегови

Вежбите за зголемување на мускулната маса, за жените кои штотуку влегуваат во четвртата деценија, се нешто на што треба да се навикнеме. По заминувањето на безгрижните дваесетти и турбулентните триесетти години, важно е да сфатиме дека начинот на кој вежбаме мора да се промени. На жените во четвртата деценија им се прпеорачува да вежбаат со тегови. Вежбите за сила помагаат да се надомести губењето на мускулната маса, која е карактеристична на оваа возраст.

rok55

9. Сексот на задно место

Покрај сите обврски на работното место и во домот и се друго што спаѓа во типичен опис на улогата на жената, во триесеттите, сексот често станува обврска која многумина ја ескивираат. Но, тоа никако не смее да се случи!

rok33

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина