Состојки:

 

  • 400 грама ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 главица лук
  • 50 мл. бело вино
  • 800 мл. зеленчукова бистра супа
  • 2 лажици путер
  • 1 главица карфиол
  • 50 гр. пармезан
  • сол, црн пипер

 

Подготовка:

 

Карфиолот измијте го, исчистете го и раздвојте го на цветови. Кромидот и лукот исецкајте ги ситно. Белото вино измешајте ги со заленчуковата бистра супа.

 

На путерот на кратко пропржете го кромидот, па додадете ги карфиолот и оризот. Мешајте постојано, додека оризот не стане стаклест. Малку налејте од течноста и мешајте и понатаму, се додека течноста не испари. Ова правете го се додека не ја искористите целата течност, а оризот не биде сварен. Дел од пармезанот исечете го на коцки, а дел изрендајте го. Коцкичките измешајте ги во рижотото,  пред самиот крај додадете го ситно сецканиот лук. Посолете и додајте црн пипер. Послужете топло, одозгора наросено со рендан пармезан.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина