Состојки:
  • 400 гр. микс од житарки
  • 1 главица кромид
  • 4 црвени пиперки
  • сол
  • црн пипер
  • чадено тофу сирење
  • 1 јајце
  • брашно
  • сок од домати
  • 1 лажичка семиња: чиа, лен, сончоглед и сусам
  • 100 гр. мелен корнфлекс
  • маслиново масло
  • бело вино
  • зеленчукова супа

Подготовка:

Тофуто исечете го на стапчиња кои ќе ги потопувате во смесата од брашно, јајца и житарки и потоа панирајте ги. Кога се готови, вадете ги на хартија за да ја впие маснотијата. За тоа време кромидот ситно исецкан пржете го на маслиновото масло, додадете го оризот и оставете да се загрее. Пиперките исечете ги на ленти и додадете ги во оризот. Потоа истурете во оваа смеса виното и супата. Кога оризот ќе биде речиси готов, зачинете, додадете го сокот од домати и така подготвениот ориз послужете го со панираните тофу стапчиња.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина