Прв кој почнал официјално да ја применува Реики енергијата, прилагодена на условите на современата медицина, е јапонскиот доктор Микао Усуи.
Самиот поим ,,реики,, во јапонскиот јазик значи вселенска, небесна енергија. Таа е онаа животна енергија која не одржува витални на планетата и која денес се употребува во различни значења. Секој систем непрекинато разменува енергија со својата околина. Реики е способност да се канализира универзалната животна енергија, но исто така во исто време реики е и обликот и методот на примена и пренесување на оваа способност. Способностза за активирање на оваа универзална животна енергија ја поттикнува учителот на реики, со помош на т.н. иницијација.

Како се применува реики?

За начинот на примена на енергијата учениците најчесто се обучуваат на семинари. Реики го буди и јакне сето она кое веќе постои како основа. Тоа ни ја отвора вратата кон нашите таленти. Така, некој може да го направи исцелител, а некој друг може да го одведе на патот на медитацијата, отворајќи им нови хоризонти на оние кои работат креативно. Целиот процес се придвижува со активирање на симболите и со ставање на рацете, со верување дека животната енергија тече низ луѓето. Ако некој има ниска животна енергија, реики може да и помогне таа личност која е склона на болести и стрес да го промени тоа, а доколку се работи за висока енергија, таа личност да се чувствува поздраво и посреќно. Реики едноставно ни овозможува низ себе да спроведуваме повеќе животна енергија. Повеќе енергија автоматски значи повеќе здравје, повеќе успех, повеќе задоволство, повеќе љубов, повеќе среќа. Сето ова се стекнува со пракса преку реики.
Реики значи рамнотежа. Тој делува на сите нивои: на физичкото, емоционаното, менталното и духовното. Реики дава енергија и го лекува телото. Студиите укажуваат на тоа дека го забрзува зараснувањето на раните, го снижува високиот крвен притисок, го намалува стресот и ја намалува или отстранува болката.
За пренесување (иницијација) Реики примачот не мора ништо да направи, само треба да биде отворен одвнатре и мирно да седи. Пренесување, усогласување, иницијација, без разлика на тоа како се вика оваа постапка во разни кругови на Реики, таа се случува едноставно додека учителот по Реики изведува одреден процес.
Штом еднаш е извршена иницијацијата, останува способноста за канализирање на Реики низ целиот живот.

Како делува врз човекот?

Преку иницијацијата, секој човек ги добива следниве својства и способности:
1. Станува канал за Реики. Со ставање на рацете може преку себе да испраќа Реики до примачот во секое време, или да си дава на себе Реики.
2. Му се зголемува чувствителноста за посуптилни енергии. Посебно во рацете, со тек на време забележува нови чувства.
3. Низ каналот Реики се канализира самата универзална животна енергија. Врз примачот не преоѓа личната енергија на давателот (реикист), ниту пак и се одзема личната енергија на иницираната личност во Реики.

4.Заштитен е од влијанието на дисхармоничните енергии на примачот. Ова својство на иницираните во Реики овозможува дисхармоничните структури на примачот на Реики да се пренесат на нив.

Откако некој ќе се здобие со поголемо искуство во работењето на прво ниво од реики, може да се одлучи да пристапи кон обука за работење на второто ниво. На второто Реики ниво се изучуваат неговите симболи, кои ги зголемуваат исцелувачките енергии, и испраќањето на исцелувачката енергија на далечина. Ова ниво овозможува насочување на енергијата без никаков физички контакт, на било која оддалеченост, не само со цел излекување на тело, туку и за отстранување на психички проблеми, хамронизирање на меѓучовечките односи и ситуации, постигнување некакви цели и позитивни исходи, материјални или други.

Тагови: реики
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина