Веројатно барем еднаш, било како физичка или како емотивна непријатност, сте имале чувство како енергијата да ви го има заблокирано телото, и тоа во одредени точки. Тие точки, всушност, одговараат на меридијаните во нашето тело низ кои тече енергијата, исто како што крвт атече низ нашите вени. Кога ќе се наруши балансот помеѓу позитивната и негативната енергија во нашиот организам, се јавува болестНарушувањето на рамнотежата може да биде последица од погрешниот начин на исхрана, лошите животни навики, стресот, лековите и недоволната физичка активност. Негативни мисли, нерасположеност, замор, главоболка, нарушување на крвниот притисок, сезонски болести, чести настинки – сите овие се сигнали кои ни ги испраќа нашето тело. Сепак, решение постои во релативно новата техника на лекување без допир, т.н. реконективно исцелување, но и во менувањето на начинот на размислување.

 
Реконекција е исцелителна техника со која се поврзуваат фрекфенциите на нашето енергетско поле со фрекфенциите од универзалното енергетско поле. Склони сме да мислиме дека она што е невидливо за окото, не постои. Но, овие фрекфенции секој може да ги фати кога ќе развие високо чувство на перцепција. Тие делуваат на секоја наша ДНК, забрзувајќи ги нејзините вибрации, така што секоја клетка започнува повторно да се ,,сеќава,, на времето кога функционирала добро. Се е, секако, многу поразбирливо кога ќе сфатиме дека сите ние сме создадени од чиста енергија. Човекот е составен од молекули и од атоми, а атомите се составени од протони, неутрони и електрони, додека современите уреди ги воочуваат и многу поситните честички. Секоја, и најситната честичка од која сме составени, е толку многу нестабилна, што постојано се поместува и произведува вибрации на одредена фрекфенција, кои се шират во сите правци до бесконечност. Во тие честички материјата преоѓа во енергија. Со оглед на тоа што со текот на времето нашите честички забавуваат, клетките ,,патат,, бидејќи немаат доволно енергија за работа.
Реконекцијата е нов начин на исцелување поради тоа што се работи за нови фрекфенции од универзалното енергетско поле, кои порано не им биле достапни на луѓето, поради начинот на кој размислуваме. Кога со тек на време сме направиле едукативен скок во начинот на размислување, допло и до подигање на нивото на нашата свест. Секој оној кој ќе го прифати фактот дека самиот може да ги отфрли несаканите здравствени состојби, тој може да се поврза со овие фрекфенции.
Во модерната цивилизација, реконекцијата ја донел хиропрактичарот од Лос Анџелес, доктор Ерик Перл, кој на почетокот на деведесеттите години од минатиот век сфатил дека не мора да ги допира пациентите за да им помогне. Напротив, неспоредливо подобри резултати добивал кога им помагал без допир да се поврзат со фрекфенциите од универалното енергетско поле.

Која е причината за тоа што сме ,,деконектирани,,?

Исцелителските ефрекфенции ништо не може да ги попречи. Причина за деконектирање може да бидат само негативните мисли. Со промена на начинот на размислување, секако во позитивна насока, всушност, стекнуваме моќ за сами да одучуваме за нашето здравје.

За да се изведе еден реконективен третман, не се потребни посебни услови. Но, ако луѓето сакаат малку да се опуштат, сеансите се прават во лежечка положба. Терапевтот минува со рацете на висина од 10 до 20 сантиметри над нивното тело. И тој и пациентот може да чувствуваат некои сензации на местата каде енергијата е заблокирана. Се прават обично по три до пет сеанси, а периодите помеѓу нив не треба да биде подолг од 7 дена. При секоја сеанса се чувствува подобар проток на енергијата, вибрациите почнуваат да се менуваат, а со самото тоа и она кое го привлекуваме во нашиот живот, а тоа се позитивните нешта и настани. Односите помеѓу нас и околината стануваат подобри, се зголемува интуицијата, исчезнуваат стравовите и чувството на вина, се ослободуваме од депресија, полесно носиме одлуки и се отвораме на емотивен план.

Тагови: душатело
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина