Raw energy топчиња
Состојки:
- 60 гр. суви сливи
- 60 гр. урми
- 15гр. гоџи бобинки (или суво грозје)
- 100 гр. разни јаткасти плодови (индиски орев, бразилкси ореви, лешници)
- 4 лажици какао
- 2 лажици сируп од агава
- 2 лажици чиа семе
Подготовка:
Прво во блендер исецкајте ги јаткастите плодови и чиа семето, а потоа додадете ги сливите, урмите и гоџи бобинките. На крај, додадете ги какаото и агава сирупот. Од добиената смеса формирајте топчиња во посакуваната големина. По желба, валкајте ги во какао или кокос.
Тагови: здрави рецепти