Во ајурведската медицина е забележана уште пред 5000 години, во Библијата се спомнува како кумин. Маслото на црниот ким (Nigella sativa) го користеле уште египетските фараони како чудотворно средство, а во Индија и денес го користат и како зачин и како лек. Содржи повеќе од 100 нутриенти, од кои повеќето се уште не и се познати на науката. Истражувањата на црниот ким се продолжуваат, а богатиот состав на растението се повеќе ги изненадува научниците. Негови главни лековити својства се crystalline nigellone и thymoquinone. Другите важни состојки се аминокиселините, ензими за варење, масни киселини и минерали. Тој е антибиотик, стимуланс, ароматик, карминатив, дигестив, диуретик, екситант, пургатив, ресолвент, сидорифик, тоник, хистамин, антиоксиданс, антимикробиал и антипаразитик.

Nigella sativa (позната како ким, црн кумин, чурокот или калинји) е едногодишно растение од семејството на Ranunculaceae. Позната е по својот плод – црното семе, кое се вика црн кумин. Едно од најпознатите растенија е во историјата на медицината. Во древниот Египет го користеле за подобрување на варењето, при настинки, главоболки, инфекции и забоболки. Семе од црн ким било пронајдено во гробницата на фараонот Тутанкамон. Калинји се спомнува и во Библијата и во Коранот. Исламскиот пророк Мухамед за него вели:“Црниот ким ги лекува сите болести, освен смртта.,, Денес, е познато како една од најефикасните лековити растенија за превенција и лекување на низа здравствени тегоби. Многумина го нарекуваат и универзален лек, оној кој ги лекува сите болести.

Историјата на користење на маслото од црн ким започнува уште за време на фараоните, но неговата лековитост почнува научно да се истражува дури од пред четириесеттина години. Од тогаш, спроведени се околу 200 различни студии на разни институти и универзитети, кои откриле навистина значителен број болести врз кои поволно делува црниот ким, посебно автоимуните, како мултиплекс склерозата, потоа псоријаза, ревматиден артритис, астма, алергии, алергиски ринитис, го намалува холестеролот, ублажува шеќерна болест, високиот крвен притисок, помага при акни, егзема, бронхитис, воспаление на белите дробови и синусите, гастритис, чир, инфекција со хеликобактер, болести на црниот дроб, хроничен замор, слаба циркулација, карцином, а од исклучителна помош е при хемотерапија и терапија со зрачење.

Понатаму, одличен е за срцето, со тоа што делува поволно врз кардиоваскуларниот систем. Со јакнење на ѕидовите на крвните садови и зголемувањето на нивната еластичност се регулира артерискиот притисок. Истражувањата имаат докажано и дека примената на маслото од црн ким доведува до снижување на вкупниот холестерол, триглицеридите и вредноста на т.н. лош холестерол (ЛДЛ). Последниве години низа истражувања го имаат докажано и антитуморското делување на црниот ким, па тој може да се користи и како помош при лекување на карцином, бидејќи делува директно на малигните клетки и ја јакне одбранбената моќ на организмот. Калинји ги штити здравите клетки и го поттикнува создавањето на природниот интерферон во телото. Истражувањата на јорданските и американските научници имаат потврдено дека црниот кумин е и анти-леукемик.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина