Веројатно не се ни сеќавате на денот кога сте ја добиле својата прва менструација, но тоа може да биде од голема важност за вашето моментално здравје. Еве детали за тоа што се случува со телото во поглед на времето кога сте ја добиле. Според доктор Џесика Шеперд, асистент професор, гинеколог и директор на одделот за Минимално инвазивна гинекологија при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Чикаго, Илиноис, САД, се се базира на естрогенот.

 

Опасност од карцином на дојки

 

Ако ја имате добиено својата прва менструација порано од вообичаеното, телото ќе почне да се изложува на естроген во рана возраст, што може да го зголеми ризикот од карцином на дојка во иднина.

 

Раната менструација предизвикува и проблеми со притисокот во подоцнежни години

 

Уште едно истражување објавено во медицинското списание Circulation покажало дека девојките кои добиле менструација околу својата десетта година од животот и порано, имаат помалку од 20% поголем ризик во подоцнежно време да имаат проблеми со  висок крвен притисок. Она што повеќе загрижува е тоа што помалку од 27% имаат поголем ризик да умрат од некоја срцева болест. Постојат дури и некои истражувања кои ја покажале поврзаноста од рана менструација со семејните проблеми или трауми од детството, што пак ќе резултира со проблеми во однесувањето во иднина.

 

Постои и позитивна страна

 

Оние девојки кои добиле менструација околу десеттата година од животот, ќе имаат подобро помнење за време на менопаузата од оние кои подоцна добиле. Сепак, ова се само некои неодамнешни истражувања и не важат за сите. Сепак, доколку имате некакви сомнежи или претпоставки, обратете се кај својот доктор за да проверите дали имате ли некакви од горенавдените болести или некој од овие симптоми.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина