Храна која го подига расположението
Пријатели на доброто расположение се намирниците кои го поттикнуваат лачењето на серотонинот. Лукот поттикнува радост, чоколадата и бананите даваат енергија, рибата, како што е на пример лососот, е храна за мозокот која штити од депресија.
Секојдневно се среќаваме со стресни ситуации, кои имаат големо влијание врз нашето здравје и расположени, но честопати не сме свесни дека токму исхраната може да помогне да го подобриме расположението и да се чувствуваме подобро.
Веројатно сте искусиле на своја кожа дека намалувањето на вносот на храна може да го влоши расположението. Кога не јадете доволно, нивото на шеќер во крвта е многу ниско, што доведува до ослободување на хормони како што е адреналинот. Адреналинот ја ослободува гликозата сместена во мускулите и во црниот дроб со цел да обезбеди итно снабдување со енергија и има несакани нус-појави, па ве прави да се чувствувате тешко и под стрес. Доколку знаете кои намирници го подобруваат расположението, можете многу лесно да се доведете во форма и да го поттикнете ослободувањето на хормонот на среќа.
Консумирањето сложени јагленохидрати го стимулира производството на серотонин, хормонот на среќа кој предизвикува добро расположение. Истражувачите откриле дека оние луѓе кои имаат ниско ниво на витамините од Б-групата, посебно на тиаминот (B1), се чувствуваат подепресивно и несигурно и дека зголемувањето на внесување на овие витамини може да доведе до значајно подобрување на расположението и самодовербата. Зголемувањето на консумирање на рибофлавинот (B2), пиридоксинот (B6) и селенот исто така може да има одличен ефект врз расположението и самодовербата. Научно е докажано, на пример, дека рибиното масло, кое е богато со омега-3 масни киселини, го намалува ризикот од депресија и дека со префрлањето од исхрана богата со маснотии на исхрана која е сиромашна со маснотии, може да го зголеми чувството на напнатост и лутина.
Оние кои се под стрес чстопати посегаат по јагленохидратите. Поврзаноста помеѓу јагленохидратите и распложението е триптофанот, аминокиселината коа ја содржат. Колку повеќе триптофан влегува во мозокот, толку нивото на серотонин се зголемува и расположението се подобрува, што е причина зошто здравите јагленохидрати се важен дел од исхраната за добро расположение. Исхраната која е сиромашна со јагленохидрати, а е богата со протеини може да поттикне склоност кон развој на депресија. Белите јагленохидрати можат да го подигнат нивото на шеќер во крвта, па затоа бирајте јагленохидрати од цели житарки, како што се интегралните тестенини и кафеавиот ориз, кои ќе ви донесат доволно триптофан и ќе ви помогнат да го одбегнете падот на шеќерот и расположението.
Премногу алкохол и кофеин го попречува производството на серотонин, хормонот на среќата и го намалува нивото на триптофанот. Тоа може да доведе до несоница – чиј недостиг исто така се поврзува со депресијата – така што намалувањето или одбегнувањето на алкохолот и кофеинот може да ги олесни депресивните симптоми.
Бирајте здрави масти
На мозокот му се потребни масни масла – посебно омега-3, за да може да работи добро. Наместо да ги одбегнувате сите масти, важно е да се јадат оние вистинските. Масната риба, авокадото, оревите и семките се изори на здрави масти.
Јадете малку, но почесто
Помалите, но редовни оброци помагаат да се задржи нивото на шеќер во крвта, што го спречува падот на енергијата и расположението. Студијата од Универзитетот во Лечестер, Англија, покажала дека оние кои имаат дијабетес тип 2 имаат поголема веројатност да патат од депресија поради нестабилниот шеќер.
Хидрирајте се со две литри вода
Недоволната количина вода може сериозно да влијае врз расположението. Ќе ви биде потешко да се концентрирате или јасно да мислите. Внесувајте барем две литри вода за да бидете хидрирани. Ја има и во храната, но остатокот мора да се испие. Обичен чај или кафе не се сметаат, бидејќи кофеинот предизвикува почесто мокрење.
Намалете ја нездравата храна
Оние кои редовно јадат храна со многу маснотии, процесирана храна и слатки грицки, имаат речиси за две третини поголема веројатност да патат од депресија, од оние кои бираат овошје, зеленчук и риба, тврдат научниците.