Контролирањето на порциите и внесувањето калории се два важни елементи кај повеќето диети. Но, со ,,рачната,, диета не морате повеќе да размислувате за калориите и ќе ги држите порциите под контрола. Стручњаците тврдат дека неконтролираните порции се еден од главните виновници за тоа што има толку многу луѓе кои имаат проблем со вишок на килограми, бидејќи многумина јадат многу повеќе отколку што им е потребно. Без разлика на се поголемиот број дебели луѓе, големината на порциите продолжува да расте и сега порциите во маркетите се два пати поголеми отколку што биле, да речеме, во 1993 година. За некој да се здебели за половина килограм, доволно е да внесе 3.500 калории, а зголемувањето на големината на порциите објаснува зошто толку многу луѓе имаат проблем со прекумерната тежина.

Силјан Портер, консултант – диететичар и портпарол на британската Диететска Асоцијација, открил која количина одредени намирници е соодветна и посакувана. Тој се обидува да го сврти вниманието на фактот дека пакувањата во маркетите се се поголеми и поголеми, поради што луѓето имаат загубено ориентација за потребната и здрава количина на храна која е потребна да се изеде за веме на еден оброк. Тајната се крие во мерењето на количината храна во однос на раката на еден човек. Очигледната предност од користењето на раката за мерење на порциите е во тоа што се ,,секогаш со вас,,. Исто така, овој метод е пропорционален на вашето тело, па ако сте покрупни и вашата рака ќе биде поголема и со самото тоа измерената порција ќе биде прилагодена на тоа. Децата би требале да јадат храна која е пропорционална на нивната детска рака.

Оваа диета се темели на идејата за контрола на порцијата храна со помош на сопствената рака. Поточно, врз база на големината на одредени делови од раката. Така, на пример, препорачаната дневна количина на месо не треба да биде поголема од големината на раширена дланка. Истражувањето на Американското здружение за малигни болести покажало дека не сме вешти во управувањето со количината на храна која ја внесуваме во организмот. На пример, просечните порции тестенини се пет пати поголеми од препорачаната количина.

Одделот за исхрана и прехранбени студии на Универзитетот во Њујорк го обвинува неправилниот менталитет на ,,празна чинија,, за погрешен однос кон храната. Од мали нозе луѓето учат дека ,,мора да изедат се од чинијата,, а потоа таквото однесување преминува во навика и во комбинација со преголеми порции доведува до вишок килограми.

Малите промени во исхраната можат да донесат големи резултати, само мора да се научи како на дневна база да се контролира количината храна. Да кажеме, парченце путер големо колку врвот од прстот има максимално 40 калории и е сосема доволно за појадок, а ако на лебот ставите една обилна лажица путер, ќе внесете беспотребно 110 калории.

Една лажичка масло има 45 калории, а во една голема лажица има 135 калории. Внесувањето на овие калории во текот на една година може да ве здебели дури 6 килограми!

racna31

Ова се количините основни намирници и популарни намирници кои не смеете да ги изедете во еден ден, а се темелат врз ,,рачната,, диета.

– Месо раширена дланка
Риба раширена дланка
Јагленохидрати (тестенини, компир, ориз и др.) – стисната тупаница
Путер врв од прстот

Сирење испружен показалец и среден прст
Мајонез, кечап и други индустриски сосови – врвот од два прсти
Чоколада три испружени прсти
Сладолед стисната тупаница

Спанаќ (неварен) – две склопени дланки по два

Тортадва прсти

Јаткасти плодовидланка од едната рака

Ситни плодовисобрани дланки

На ист начин контролирајте ги другите намирници од истата група и запомнете дека при консумирањето на свежо овошје и зеленчук нема ограничување. Почитувајте ги овие правила и сигурно нема да имате проблем со тежината

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина