Специјалистите за раце тврдат дека нашите прсти откриваат многу нешта за нас, од големината на пенисот и сексуалните ориентации, до склоноста за промискуитет, некои болести, шансите за постигнување спортски успеси или стекнување богатство. Затоа, ако сакате нешто да дознаете за некого, погледнете му ги дланките.
Мажите (но и жените) многу често должината на пенисот ја поврзуваат со должината на некои други делови од телото, обично носот и стапалата, што се има покажано како целосно нетемелно. Но, LiveScience открива дека должината на показалецот е сосема точен показател за должината на пенисот. Оваа врска ја имаат покажано бројни студии, од кои најинтересна е онаа направена на Универзитетот Гашон во Јужна Кореја. Тамошните истражувачи ја мереле должината на прстите и пенисите на 144 волонтери и откриле дека таа врска е многу доследна. Колку е поголема разликата помеѓу показалецот и домалиот прст, толку е поголема веројатноста дека и пенисот на таа личност е поголем. Освен што открива заводливост, должината на прстите е и показател за сексуалната ориентација на поединецот, што е уште еден доказ дека сексуалната ориентација не е предмет на избор, туку е одредена уште пред раѓањето. Така, едно истражување покажало дека, во просек, геј мажите и жените имаат помала разлика помеѓу показалецот и домалиот прст од хетеросекуалните мажи и жени, што исто така укажува дека сексуалната ориентација делумно е под влијание на пренаталната изложеност на тестостерон.

Ризик од болести

Иако се чини дека овие анализи на прстите одат во полза на мажите кои имаат голема разлика помеѓу раздалеченоста помеѓу показалецот и домалиот прст, од друга страна мажите чија разлика во раздалеченоста на прстите е незначителна имаат подобри изгледи во лекувањето на ракот на простатата. Имено, истражувачите од Кореја откриле дека мажите со покус домал прст, кои покрај тоа имаат и помала раздалеченост помеѓу кажипрстот и домалиот прст, подобро рагираат на антитуморските лекови, што исто така се поврзува со тестостеронот. Освен можните реакции на лековите за рак на простатата, на темел на должината на прстите може да се предвиди и ризикот за болните промени на ѕидовите на аортата и општо скллоноста на срцеви болести.

Промискуитет

Мажите со подол домал прст најверојатно ќе бидат промискуитетни, наведува истражувањето спроведено на одделот за експериментална психологија на Универзитетот во Оксфорд. Тие утврдиле дека мажите и жените, кога станува збор за меѓусебни врски, можат да се поделат во две категории – оние кои преферираат краткотрајни врски и оние кои се повеќе заинтересирани за долготрајни врски.

Активност

Една студија спроведена во 2011 година ги мерела должините на прстите кај 49 мажи, пред нивните слики да ги претстават по случаен избор на неколку жени. Жените имале задача врз основа на тие слики да ја проценат нивната привлечност било за да заклучат дека со нив сакаат да поминат романтичен одмор било да ги одберат за долготрајна врска или за животен партнер. Мажите со подолг домал прст се покажале поатрактивни во секој од понудените избори.
Научниците од канадскиот Универзитет Конкордија сугерираат дека мажите кои имаат подолг домал прст имаат поголеми шанси да се збогатат. Нивната студија за должина на прстите и разликата на личноста била спроведена над 425 мажи и сугерира дека ,,алфа мажите,, се поподготвени напорно да работат, но добро да се забават, но и помалку подготвени на таквите понуди да одговорат со одбивање.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина