Денес многу луѓе имаат страв од поминување на дел од времето сами, бидејќи традицијата и нашата култура не учат дека дружењето со луѓето и „богатиот“ друштвен живот е она што не чини активни и „успешни“. Дека тоа и не баш така покажуваат и бројни студии според кои луѓето кои повремено се осамуваат, односно поминуваат минимум три часа неделно сами со себе , имаат пониско ниво на стрес од оние кои се друштвено поактивни.

Секој греши и пртоа пожелно е да се извините или да Ви се извинат, но сепак постојат некои работи за кои не одговарате никому освен на самите себе и тие не се и не треба да бидат премет на расправа ниту повод за оправдување. Поради следниве работи не треба никому да се извинувате:

Рано заминување во кревет

Во услови на забрзано темпо на живот каде се почесто важи правилото дека „вредиме“ онолку колку сме активни, луѓето се почесто го жртвуваат својот сон со цел да не ги пропуштат случувањата од ноќниот живот, да ја гледаат нова епизода од серијата за која потоа сите ќе зборуваат или за да ги завршат куќните работи кои заостанале. Сепак, за уморот кој го чуствувате и раното легнување не треба да се правдате или извинувате – тоа е предуслов за здравје и енергија и никој освен Вие не знае колку сон ви е Вам доволен.

Прекинување на лоша врска

Без оглед дали станува збор за пријатество или за љубовна врска која од вас ги црпи и последните атоми енерија, притоа чуствувајќи се искористено или наједноставно кажано Ви носи повеќе лошо отколку добро, не треба да бидете должни да давате објаснувања ниту пак друга шанса. Не паѓајте во замка дека сепак сте должни некому да се оправдате или да објаснувате во име на времето поминато заедно – што всушност е и причината поради која толку долго сте толерирале таков однос – кажуваат психолозите.

Заминување на одмор

Кризата на пазарот, зачестените откази и недостатокот на нови работни места , се причина поради која многумина се почесто се плашат да побараат од својот работодавач годишен одмор кој нужно им е потребен. Сепак, колку подолго тоа го правите, толку повеќе се зголемуваат ризиците за Вашето здравје, додека од друга страна работата нема многу да Ви значи доколку се разболите и притоа нема да можете да ја извршувате. Од тие причини побарајте ги своите заслужени денови одмор, без оправдување, одете на патување или затворете се во четири ѕида и одморете ги мислите.

За својот љубовен избор

Вашиот дечко не е доволно добар за Вашите родители или не е доволно образован? Тато и мама не ја прифаќаат Вашата нова љубов затоа што веќе има еден брак позади себе? Пријателите мислат дека тој не Ве заслужува? Сосема е во ред секој да има свое мислење, но не е во ред тоа мислење да се наметнува затоа што и Вие не сте ги бирале нивните љубовни партнери. Затоа немојте да паднете во стапица оптеретувајќи се со тоа . Истовремено не се оправдувајте.

Кога треба да кажете НЕ

Превземање на премногу одговорности на себе? Никогаш не ги одбивате бараните услуги од пријателите? Сите од семејството Ве оптоваруваат со сопствените проблеми? Едноставно кажете „не“ и ослободете се од грижата на совест, советуваат психолозите. Тие тврдат дека удоволувањето на другите е магичен круг во кој си штетите себеси, додека другите тоа несовесно го искористуваат, токму поради тоа што Вие така сте ги научиле.

За недостапноста

Smart телефоните, геџетите и интернет културата допринесоа денес повеќето од нас да се достапни во било кое време. Доколку вашиот шеф Ви испраќа електронска пошта со работни задачи во вечерните часови, едноставно игнорирајте ги и одговорете следниот ден во текот на работното време. Исто така, не сте должни ниту веднаш да им одговарате и на пријателите, а најдоброто решение е да ги исклучите сите апликации и да се опуштите – доколку е нешто итно ќе се најде начин да бидете известени.

Осамување

Денес многу луѓе имаат страв од поминат дел од времето сами, бидејќи традицијата и нашата култура не учат дека дружењето со луѓето и „богатиот“ друштвен живот е она што не држи активни и „успешни“. Дека тоа и не баш така покажуваат и бројни студии според кои луѓето кои повремено се осамуваат, односно поминуваат минимум ичаса неделно сами со себе , имаат пониско ниво на стрес од оние кои друштвено поактивни. Земете книга, пошетајте или направите било што друго за да останете сами со себе и своите мисли.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.