Функцијата на имунолошкиот систем е да го штити организмот од се што би можело да го наруши нашето здравје. Никој не може да преживее со нарушен имунолошки систем, и покрај терапија со најефикасни антибиотици. Еве како можете да му помогнете на својот имунолошки систем:

 

 

Променете ја рутината на денот

 

 

Ако работите во канцеларија, веројатно таму го поминувате и најголем дел од времето. Седечкиот начин на живот го забавува метаболизмот, а тоа го прави имунолошкиот систем помалку ефикасен. Како да се поправи тоа? Ако е можно, треба да правите пауза на секој час. Чекорете пет минути, правете лесни вежби за истегнување, шетајте низ зградата…

 

 

Го запоставувате добриот сон

 

Сонот е од суштинско значење за вашиот имунолошки систем, бидејчи ако телото не ви произведува доволно мелатонин за време на спиењето, вашиот имунолошки систем нема да може да создаде доволно бели крвни зрнца, кои штитат од бактериите.

 

Како да го поравите тоа?

 

Обидете се да спиете околу 7- 8 часа.

 

 

Премногу протеини во исхраната

 

Премногу протеини, посебно од животинско потекло, произведуваат во телото хормон IGF1, за кој е познато дека го забрзува стареењето и го забавува имунолошкиот систем.

 

Како да го поравите тоа?

 

Пробајте диета со која нема да консумирате повеќе од 10% животински протеини (месо и млечни производи) дневно. Ако се чувствувате добро, можете да го намалите вносот на протеини на 5% од дневното консумирање на калории.

 

Поголемиот дел од денот го поминувате сами

 

Изолираните луѓе се помалку отпорни на стрес, штоисто така доведува до лош имунолошки систем.

 

Како да го поравите тоа?

Зајакнете ги своите односи со старите пријатели, колеги или соседи. Организирајте состанок, вечера или културан настан. Генерално ќе се чувствувате подобро, а имунолошкиот систем ќе ви биде благодарен.

 

Не практикувате јога

 

Секоја физичка активност е добра за телото, но како што покажува искуството, јогата е најдобра за имунолошкиот систем. Со неа ќе ги стимулирате крвните садови, дигестивниот систем и нервите. Јогата ќе ве смири и избалансира.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина