Дали присуството на заситени масти и хидрогенизирано масло во путерот од кикиритки вреди тој да се вклучи во исхраната? Одговорот е да. Не само што е многу вкусен, туку путерот од кикиритки е вистинска ризница од важни состојки кои го чуваат здравјето и кои штитат од многу болести. Тој полн вкус и мирис му го должи на тоа што во него нема само маснотии од кикиритки, туку цели кикиритки. Се добива од пржени кикиритки, кои се мелат додека не се добие оваа мазна смеса од путер. Некои произведувачи му додаваат шеќер, сол и слично, поради подобар вкус. Но, и во двата случаи, тој се состои од 90% до 1005 кикиритки.

Познат како десерт, поради својот извонреден вкус, путерот од кикиритки има многу здравствени пресности, од кој најважна е таа што штити од кардиоваскуларни болести.

 

Кикиритки путерот го измислил еден американски фармацевт, во 1884 година, како додаток во исхраната за неговите постари пациенти. Тој содржи висок процент на масти (околу 49%), но повеќето од нив се незаситени масти, дури 80%. Тоа значи дека влијае на холестеролот во крвта, така што го намалува нивото на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот холестерол и исто така и присуството на мононезаситените киселини во крвта, пред се на олеинската. Со тоа го спречува затнувањето на артериите и штити од срцеви болести. Бројни истражувања покажале дека со умерено консумирање на путер од кикиритки се намалува ризикот од срцевите боелсти за дури двојно.

 

puter-kikiriki2

 

Путерот од кикиритки содржи есенцијални масни киселини, кои се многу важни за организмот. Нашето тело може самото да ги произведе сите елементи кои му се потребни, само доколку му дадеме материјал во вид на намирници со потребните нутритиенти. Меѓутоа, организмот не може сам да ги произведе есенцијалните масни киселини, дури и кога има од што. Затоа е важно да се јадат намирници кои ги содржат, а еден од овие намирници е путерот од кикиритки.

Покрај се друго, овој путер го балансира и нивото на шеќер во крвта и со тоа штити и од дијабетес тип 2, а неговата висока калоричност го спречува дебелеењето, секако ако се јаде умерено. Две лажички путер од кикиритки дневно ќе ја намали потребата за храна и празни калории кои дебелеат. Во себе содржи дури 600 калории на 100 грама, но тоа никако не се празни калории.

Ова е листата на неговите нутритивни вредности:

– Протеини (околу 25%) помага за градење на мускулната маса
Минерали магнезиум, бакар, цинк, манган, железо и калиум
Витамини содржи витамини Е, Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина), Б6 (пиридоксин), Б12
Јагленохидрати содржи полисахариди (сложени јагленохидрати), кои лесно се варат, што влијае позитивно на нивото на шеќер во крвта

– Масти незаситени масти, кои го регулираат нивото на холестерол
Полифеноли и антиоксиданси – делува превентивно и штити од габични и вирусни инфекции, желудочни заболувања, мозочни удари

Есенцијални масни киселини омега – 3 и пантотенска киселина
Фолна киселина (Б9) – особено важна при раѓање здраво дете, без телесни дефекти

Едноставно е неверојатно колку многу здравствени предности има оваа намирница. Покрај тоа што ги штити срцето и крвните садови, исто така ги јакне и коските, го подобрува здравјето на кожата (посебно ако се работи за сува кожа, кожа со акни или розацеа), го забрзува растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина