Прженчиња од просо
Потребни состојки:
1 финџан просо
2 чаши вода
2 прстофат сол
1 црвен кромид
1 дл. маслиново масло
Подготовка:
Измијте го просото и ставете го да се вари во студена вода. Кога водата ќе зоврие, додајте ја солта и продолжете да го варите уште 15-20 минути. Потоа тргнете го од оган и оставете да се излади. Во млакото просо ставете го кромидот исечкан на коцкички и обликувајте ги прженките. Маслото загрејте го и пржете ги додека не се вцрват.