Крварењето од носот настанува кога ќе пукне еден или повеќе капилари во носот. Освен од удар во носот, најчести причини за крварењето се воспаление на слузницата на носот, полипи во носната слузница, исушена слузница на носот, често кивање или дување на носот и инфекции на горните дишни патишта. Само во ретки случаи крварењето од носот укажува на сериозен здравствен проблем, како на пример артериосклероза, зголемен крвен притисок или нарушување во засирувањето на крвта.

Крварењето од носот е непријатна појава која, за среќа, не претставува поголем здравствен проблем. Иако често се јавува и во возрасна доба, децата најчесто се оние кои се погодени, бидејќи нивните капилари во носот се се уште слаби. При силно крварење од носот, крварење кое трае подолго од 20 минути и кое се засилува, задолжително треба да се побара лекарска помош. Помош од доктор треба да се побара и во случај кога крварењето од носот е предизвикано од повреда на главата или вратот.

Разни растителни препарати помагаат против крварењето од носот, но и народни трикови со чија помош може да се сопре крварењето. Оние кои често патат од овој проблем, а каде не причинител не е некој сериозен здравствен проблем, можат да им помогнат овие препарати за да ја зајакнат слузницата од носот и носните капилари, па така дури и да ја спречат оваа непријатна појава.

 

Совети и рецепти

 

Правилна положба
При крварење од носот треба да се седне исправено и во седечка положба, со главата малку наведната нанапред. Притоа треба да се дише на уста, а ноздрите да бидат стиснати 10 – 15 минути.
Крпа се топи со ледено студена вода, се цеди и се става на челото и коренот од носот или на тилот. Студенилото од крпата ќе ги стегне крвните садови и ќе го потпомогне прекинувањето на крварењето.

Солена вода
Против крварењето од носот помага измивањето на носната шуплина со топла солена вода. Во 2 дл. топла вода се меша 1 лажичка сол и тоа се става во плиток и широк сад. Едната ноздра се затвора со притискање со прст, а со другата ноздра се вшмркува солената вода. Постапката се повторува и со другата ноздра.

Облога од црвен кромид
Народната медицина против крварењето од носот препорачува свежо исечен сиров црвен кромид да се стави на тилот, да се зацврсти со помош на газа и да остави да делува преку ноќ.

Инхалација со црвен кромид
Еден црвен кромид се ренда ситно и се цеди сокот од него. Сокот се меша потоа со еднаква количина јаболков оцет и таквата мешавина се вдишува наизменично низ ноздрите.

Што уште може да помогне

Трик со хартија: под јазик се става парче впивачка хартија со големина на поштенска марка. Ова ќе доведува до поддржување после кое ситните капилари во слузницата на носот ќе се стиснат и ќе се сопре крварењето.

Мирис од невен: крварењето од носот ќе сопре ако под носот се стави мала вата натопена во тинктура од невен или вата на која има капнато неколку капки етерично масло од чемпрес.

Витамин Ц: Овој витамин ги јакне капиларите, па на оние кои многу често имаат проблем со крварења од носот им се препорачува негово зголемено консумирање.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина