Лицето е одраз на убавина, внатрешно задоволство. Ако подобро се загледаме во своето или во нечие лице можеме да ги откриеме дури и неговите начин на живот, исхранаи внатрешна (не)рамнотежа на тој човек. Пубертетот и растењето е многу чувствителен период: на оваа возраст децата се склони да консумираат шеќери и брза храна, хормоните дивеат исто како и промената на расположението. Кај некои тинејџери сето ова може да резултира со појава на акни и нечиста кожа на лицето, што може пак да влијае на самодовербата која на таа возраст е многу нежна.
Ова се два рецепти кои можат да помогнат кај акнеста и нечиста кожа кај тинејџерите. Основна состојка е зелената глина, која длабински ја чисти кожата, врзувајќи ги на себе сите нечистотии. Етеричните масла во неа делуваат противвоспалително, така што ота може да биде добитна комбинација за убавина и за нова самодоверба.

Едноставна рецептура:

50 гр. зелена глина се меша со провриена и оладена вода или со негазирана вода додека да се добие густа смеса. Во неа се додаваат 2-3 капки етерично масло од чаевец. Се се меша добро и се става во стаклен сад.

Сложена рецептура:

  • 50 гр. зелена глина
  • 5 гр. растително масло од лешник или јојоба
  •  2 гр. цинк оксид
  • 2 гр. растителен глицерол
  • 3 капки чаевец
  • 2 капки вистинска лаванда

Измешајте ги состојките и долејте хидролат од чаевец или виситнска лаванда додека не добеиете вистинска кремаста смеса. Ставате ја маската во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер.

И двете маски се нанесувата на лицето во тенок слој два-три пати неделно и се држи 5 – 7 минути. Многу е важно кожата на лицето да се измие потоа убаво со вода, а остатокот од хидролат од чаевец може да послужи како тоник за дополнително чистење на лицето. Постапката се повторува се до подобрување на состојбата на лицето.
Пред почеток на третманот со маските, пожелно е претходно лицето да се исчисти на козметичар. Но, ако се работи за силни воспалителни процеси на кожата, чиреви и црвенила, задолжително треба да се побара совет од доктор..

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина