Номофобија е страв да не останете ниту еден миг без својот мобилен телефон. Како што е прикажано од страна на научниците, истражувачите спровеле бројни истражувања за да дознаат како се чувствуваат луѓето во тие моменти. Жените почесто се соочуваат со овој вид на фобија во однос на мажите, иако посилниот пол многу често се осигурува со купување и користење на два телефони. За време на истражувањата, утврдено е и дека оваа фобија почесто ги напаѓа помладите.

Причини за појава на номофобија

Постојат многу причини за појава на номофобијата. Модерните луѓе се навикнати многу проблеми да решаваат со помош на мобилните телефони, кои помагаат во вистинско време да се поврземе со вистинските луѓе. И, ако оваа можност е загубена, сопственикот на уредот почнува да чувствува анкциозност. Доколку овие непријатни ситуации се повторуваат, искуството може да се претвори во фобија. Неможноста за пристап до Интернет исто така може да доведе до развој на номофобија. Многу луѓе секојдневно користат Интернет, така што ако во еден момент и ненадејно тоа стане невозможно, тие не се среќни.

Денес, со помош на мобилните телефони може да се дознае се, што секако е многу поволно. Но, многумина луѓе без мобилниот телефон не можат ни да се движат, ни да готват ни да работат. И, ако е исклучен или загубен, тоа нема да доведе само до непријатности, туку и до голема исцрпеност кај сопственикот.

Следниве примери се сигурен доказ дека имате номофобија:

  • Очите постојано ви шетаат и го бараат телефонот.
  • Често го проверувате телефонот за да видите дали стигнала некоја порака.
  • Телефонот ви е секогаш во чанта, во џеб или во рака.
  • Ако ненадејно ви се исклучи телефонот (или се изгуби сигналот), почнувате да се грижите.
  • Ако не можете да го исклучите телефонот станувате нервозни и налутени.
Како да се носите со овој проблем?

Борбата со номофобијата е тешка, бидејќи модерниот начин на живот е во директна врска со употребата на мобилните уреди. Сепак, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од опсесивните стравови:

1. Можете да ги напишете сите најважни броеви во именик и во итен случај, кога треба да му се јавите на некому, можете да го повикате од друг телефон. Оваа едноставна мерка ќе помогне да не го загубите контактот со важните луѓе во вистинско време.

2. Ослободете се од апликациите кои буквално прават постојано да го проверувате телефонот. Тогаш сигурно помалку ќе го земате во раце.

3. Обидете се што помалку да го користите телефонот. Земајте го само кога ви е навистина потребен. Нема потреба постојано да ги проверувате друштвените мрежи, повици и мрежи, или да пребарувате по Интернет.

4. Заменете го телефонот со некој друг предмет. За да се разбудите, не го навивајте алармот на телефонот, туку користете будилник. Јавувајте се од фиксен телефон, а Интернет користете на вашиот компјутер.

Можете цел ден да го поминете без мобилниот телефон, дури и цел еден викенд. Но, прво известете ги вашите пријатели и роднини за вашето движење, така што да не помислат дека ви се случило нешто. Ако ви е тешко да се одвоите од мобилниот телефон на толку долг период, почнете со најмалку неколку часови. Не заборавајте, пред десетина години луѓето одлично живееле без мобилните телефони.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина