Протеинска нутела
Многу луѓе ќе се согласат дека нутелата е најдобриот крем во светот.Меѓутоа за оние кои внимаваат на својата линија мора да се откажат од оваа слатко задоволство.Или можеби не?
Ви претставуваме рецепт за замена за нутелата со одличен вкус,лесен за правење,а со многу помалку калории.
Потребни состојки:
1/4 шоља путер од лешник
1/4 шоља какао во прав
1 лажичка кокосово масло
1/4 шоља whey протеин(со вкус на чоколадо или ванила)
1/4 шоља стевиа
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте убаво.
Пробајте дали е доволно благо (ако не е може да додате повеќе засладувач:стевиа или кокосов шеќер)
Ставете во тегла и чувајте во фрижидер некое време.
Намачкајте на леб и уживајте
Мала забелешка за засладувачот:
Ако користите кокосов шеќер,тогаш калориската вредност ќе биде малку поголема,отколку да користите стевиа.Исто така може да користите и мед како засладувач,или пак да ги комбинирате се додека не го добиете вкусот кој ви одговара.
Нутритивни вредности:
Нутритивните вредности за овој рецепт е многу тешко да се декларираат.Многу зависат од состојките кои ќе ги користите,меѓутоа нивните вредости за 1/8 од намазот би требало да се движат:
Ако користите кокосов шеќер:
Калории:123kcal
Јагленхидрати:6гр
Протеини:6гр
Масти:8гр
Ако користите стевиа:
Калории:103kcal
Јагленхидрати:6гр
Протеини:6гр
Масти:9гр