Протеинска чоколадна торта
Ви преставуваме рецепт за чоколадна торта кој е лесен за правење а во исто време многу богат со протеини.Може да го конзумирате секој ден без многу грижа на совеста 🙂
Напомена:за посочна текстура користете протеин со casein.Ако користите whey тортата ќе биде по сува.
Состојки:
-80гр casein протеини со вкус на чоколадо
-10гр какао во прав
-100гр белки (3 белки)
-50гр путер од кикирики
-150гр пире од јаболка (јаболката треба да ги излупите,изрендате и испечете во рерна и од тоа да направите пире)
-100гр овес
-180гр бадемово млеко,ниско маслено кравјо млеко или вода
Начин на подготовка:
-Измешајте ги сите состојки во еден сад.
-Премачкајте го садот за печење со спреј за печење
-Печење:30-40мин во рерна на 180 степени.
1 торта =8 порции
Нутритивни вредности(1 порција):
Енергетска вредност: 139 kcal
Протеини: 13 гр
Масти: 4.5 гр
Јаглехидрати: 11 гр
Влакна: 1.4 гр