Авторите на едно истражување спроведено во Америка заклучиле дека за оптимална мускулна маса е важно што повеќе протеини да се внесуваат наутро, а таа количина да не се зголемува за време на ручекот и вечерата.

Сите оние кои сакаат да добијат оптимална мускулна маса во организмот треба повеќе протеини да внесуваат наутро, а помалку или барем во иста количина во вечерните часови, тврдат американските истражувачи, чија студија е објавена во најновото издание на стручниот магазин “Journal of nutrition “. Резултатите од оваа студија се чини дека ја потврдуваат старата народна поговорка “Појадокот изедете го сами , ручекот поделете го со пријателот, а вечерата дадете му ја на непријателот. ”

 

Имено, со цел да дознаат повеќе за внесувањето и распределувањето на протеини во текот на денот, истражувачите од Универзитетот во Тексас прво детално ги анализирале вообичаените навики во исхраната на нивните испитаници. Тие откриле дека повеќето од нив, за појадок избираат храна богата со јаглехидрати, дека за време на паузата за ручек обично јадат сендвич или некоја салата, а во вечерните часови , по правило, најмногу консумираат преголема порција месо и протеини.

 

Американските научници потоа испитаниците ги поделиле во две групи и им одредиле дека во текот на денот можат да земат вкупно 90 g протеини, но различно распределени. Кај првата група протеините биле правилно распределени во текот на денот- по 30 грама за појадок, ручек и вечера, додека испитаниците во другата група за појадокот консумирале само 10 грама протеини, 15 грама за ручек, а за вечера дури 65 грама.

 

proteini_1

 

Првиот и седмиот ден од оваа диета, научниците спровеле мерења за степенот на синтеза на мускулните протеини кај сите испитаници, и откриле дека таа за 25 проценти била поизразена кај оние кои биле во првата група. Имајќи ги на ум овие резултати , еден од авторите на студијата Даг Педон -Џонс предлага сите оние кои сакаат да постигнат оптимална мускулна маса, тоа да го сторат преку промени во начинот на исхрана, односно утринскиот оброк со одредени видови глициди, особено едноставни шеќери , да го заменат со високо-квалитетни протеини.

 

Значи, би требало, за појадок да изедете едно јајце, да испиете една чаша јогурт или млеко и на сето тоа да додадете една шака јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми, индиски ореви, ф‘стаци), за во организмот да внесете 30 г протеини. Но, оваа количина на протеини не треба да се зголемува ниту за време на ручекот или вечерата, смета овој американски научник.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.