Секој од нас сака протеински шејк. Вкусот е феноменален, додека протеинот го закрепнува оштетеното мускулно ткиво. Но, покрај наведеното, треба да се знаат уште некои важни нешта за протеините.

Што е тоа протеин?

Во техничка смисла, протеините се големи молекули кои се сотојат од аминокиселини и се состав на сите клетки во нашиот организам. Значи, тие се градежен материјал на мускулното ткиво и без нив е невозможна било каква телесна функција. Ако не се консумираат доволно протеини, не може да се загуби ниту вишокот на килограми, бидејќи без нив се саботира можноста да се покаже целосниот потенцијал во теретана и директното влијание на сопственото здравје. Кога нема доволно протеини, телото почнува да црпи гориво од места како што се коските, внатрешните органи, па и срцето. На тој начин не може да се задржи долг временски период доброто здравје. Што уште корисно прави протеинот за организмот? Ако не е доволен фактот што не оддржува во живот, тогаш еве уште некои корисни нешта кој тој ги дава. Протеинот го оддржува здравјето на коските, рскавицата и на крвта. Покрај тоа, ги храни кожата, ноктите и косата. Протеинот му помага на телото побрзо и поефикасно да закрепне од разни надворешни и внатрешни влијанија, а ефикасен е и при нормализирање на хормоналните нарушувања кај мажите и жените (проблеми со либидото).

Важноста од консумирање протеин по тренингот

За време на тренинг, доаѓа до кинење на мускулните влакна поради напорот на кој е изложено нашето тело. Протеинот помага во обновувањето на токму тие оштетени мускулни влакна. Од таа причина е важно протеинот да се испие најдоцна до 1 час по тренингот. Протеинскиот напиток во вид на шејк е одличен, бидејчи брзо се апсорбира во клетките и веднаш се транспортира до оштетените мускулни влакна.

Храна која е најголем извор на протеини

Од живина – мисиркино и пилешко месо, потоа белки од јајца, до риба и говедско месо. Сите овие се одлични извори на квалитетни протеини, но не се единствени опции. И зеленчукот исто така содржи протеини, иако во помала количина, и фета сирењето. Во денешно време, протеинот од сурутката (whey) е најкомерцијален, бидејќи е лесно сварлив и брзо се размешува и уште побрзо се апсорбира.

Количината протеини која е неопходна за нашето тело зависи директно од фитнес целите. Судејќи според стручњаците од областа на нутриционизмот, количината протин која е потребна зависи од целната телесна тежина, а не од онаа која ја имаме моментално. Притоа треба да се има предвид количината која телото може да ја обработи во текот на едно консумирање. Општо правило е да се внесуваат 25 грама протеин на секои 3 часа. Сето повеќе од тоа не овозможува да се добие поголема мускулна маса, туку едноставно е отпад.

Исто така, може да дојде и до предозирање со протеини, исто како што може и со другите нутритиенти (јагленохидратите и мастите). Ако се внесуваат повеќе калории отколку што е потребно, без разлика на нивниот извор, ќе се добие вишок на килограми. Преголемите количини на протеини, пак, можат да доведат до гастроинтестинални проблеми и до големо оптоварување на бубрезите. Кај протеините е важна количината која може да се искористи во организмот од количината која е внесена во него. Сите протеини не се исти меѓусебно. Ако се погледне листата на протеини и начинот на кои тие се разградуваат, тогаш протеинот на сурутката е на самиот врв од неа. Потоа следуваат млечните производи, па дури потоа сите други.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина