Научниците веруваат дека консумирањето дополнителни протеини во вашата исхрана е поволно за вашето здравје и должината на животниот век. Истражувањето го има спроведено група научници од Универзитетот во Бреша, Италија, водено од страна на професорот Енцо Нисоли. Растворени во течност (вода, млеко), протеинските шејкови имаат многу добро влијание во намалувањето и стабилизирањето на телесната тежина како и на целокупното здравје. Овие неверојатни резултати биле добиени од експерименти вршени врз животни, додека истите применети врз луѓето ќе доведат до продолжување на животниот век во просек за 10 години. Италијанските научници веруваат дека дневното консумирање на ,,еликсирот на животот” кај средовечните луѓе треба да биде во облик на протеински шејкови. Ова ќе им помогне на милиони луѓе да имаат подобар и поквалитетен живот како и здраво стареење.

Додаден во вашата овесна каша или растворен во течност, дополнителниот протеин може да ги зајакне слабите, опуштени мускули, да го намали ризикот од болни падови, истегнувања и скршеници. Внесувањето протеини на постара годишна возраст ќе ја осигура потребната зголемена потреба од енергија, ќе го заштити срцето и ќе ги зајакне крвните садови. Професорот Енцо Ницоли вели: “Мислам дека податоците до кои дојдовме покажуваат дека постарите луѓе треба да почнат да земаат дополнителни протеини”.

Професорот Ницоли им дал на глувци, кои биле во нивни ,,средни години,, вода во која имало аминокиселини од кои се изградени молекулите на протеините. Притоа ги употребил трите разгранети синџири на аминокиселините, или т.н. BCAA, ( L-леуцин, L-валин, L-изолеуцин). Глувците кои го добиле овој додаток живееле во просек 80 дена повеќе до оние кои не го добиле.

Мускулна сила, здрава тежина, координација и издржливост – сето ова е забележано од страна на научниците. Овие три аминокиселини можат да се најдат во многу високо протеински храни, кои им се веќе познати на атлетичарите, како што се пилешки гради, посно говедско месо, јајца, туна и т.н. Но, BCAA се додатоци кои не бараат варење во дигестивниот тракт и кои директно се апсорбираат во крвотокот. Студијата исто така покажува зголемување на бројот на митохондрии (мембранозно врзана органела која се наоѓа во ткивните клетки нај животните и растенијата ) во телото за време на редовното консумирање на BCAA. Митохондриите се важни, бидејќи тие го создаваат поголемиот дел од аденозине трифосфатот на клетките, кој се употребува како извор на хемиска енергија.

Уште едно нешто што дополнителните суплементи со BCAA го покажуваат дека тие исто така го заштитуваат телото од слободните радикали – опасни молекули – оксиданси кои ги уништуваат клетките во организмот. Како такви, овие додатоци имаат огромен потенцијал како оружје против стареењето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина