Непредвидливите и нагли временски промени претставуваат стрес за организмот, а посебно е чувствителен кардиоваскуларниот систем, поради што многу често се јавува варирање во крвниот притисок, мигрени, промена на телесната температура, отежнато дишење и несоница. Сонцето ве исцрпува, ветрот ве раздразнува, а дождот ве фрла во депресија. Ако имате забележано дека климата влијае врз вашето расположение, тогаш добредојдовте во ,,клубот на метеопати,,, кој во последните неколку години брои се поголем број на членови. Метеопати се оние кои се претчувствителни на климатските промени. Тие почнуваат да ги чувствуваат промените уште пред да настанат. Штом се ќе се стабилизираат, тегобите се намалуваат и набрзо исчезнуваат. Временските промени предизвикуваат многу проблеми, а бронхитисот, чир на желудникот и инфарктот се некои од најтешките болести кои се манифестираат. Зачестената и нагла промена на температурата, воздушниот притисок и нивото на влага ја објаснуваат депресијата, дебелината, но и болните лузни, тврдат стручњаците од универзитетот во Абердин, Шкотска. Постарите срцеви болни најтешко ги поднесуваат промените на времето, а во оваа категорија спаѓаат и асматичарите. Кај старите луѓе метаболизмот е побавен, па посилно реагира на хормонските промени кои ги предизвикува растот на температурата, па затоа наглите промени имаат најголемо влијание врз нив. Според тврдењата на стручњаците чувствителната група ја сочинуваат и помлади од 15 години, бидејќи реагираат на влијанието на електромагнетните бранови кои се менуваат во склад со растењето на живата во термометарот.

Климатските промени влијаат на сите системи на органите и ги трошат природните одбранбени механизми во човековото тело. Нашите сетила, под надзор на нервниот систем, постојано внимаваат на надворешните услови и по рефлексен пат не известуваат за промена на средината и го активираат соодветниот механизам за адаптација. Воопшто не треба да не зачуди што сезонското издавање на лекови стана тренд, со оглед на тоа што стомачните вируси се актуелен проблем во текот на целата година. Се повеќе луѓе се со атипични клинички слика на болести. Без разлика дали се работи за настинка, инфекција или хронично заболување, симптомите побавно се јавуваат и траат подолго. Овие промени ги држат нашите сетила во напрегната состојба на готовност и се вистински стрес за организмот. Имунолошкиот систем е ослабнат, трудејќи се да им одолее на потенцијалните патогени од надворешната средина. При промена на воздушниот притисок посебно се подложни зглобните структури, така што наглите временски промени на временските услови посебно ги чувствуваат пациентите со ревматски заболувања.

Во текот на тропските летни денови се препорачува честа рехидрација, без разлика на чувството на жед, внесување течности од минимум два литри или осум чаши вода, одмор во текот на прежешкиот дел од денот и често разладување со туширања. Топлото време е предуслов за размножување на бактериите и вирусите, па затоа се препорачува да се носи лесна памучна и ленена гардероба.

Лузните печат

Наглиот пад на атмосферскиот притисок, проследен со бура, предизвикува стегање и опуштање на оштетеното ткиво. Со оглед на тоа што тоа не е еластично, туку е тврдо и жилаво, не се прилагодува на промената на притисокот, што предизвикува затегање на кожата. Дождот предизвикува чешање и пецкање на лузните.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина