Поентата на чистење на дигестивниот систем, или детоксикација, е да се ослободите од токсичните или отровни соединенија кои се акумулираат во вашето тело. На овој начин вашето тело се ослободува од отровот на природен начин. Овој природен процес се одвива секој пат кога ќе уриниратет или ги празните цревата, како и менување на навиките во исхраната, ќе му овозможи на телото да работи подобро и поефикасно.

Основната цел на детоксикацијата е подобрување на гастроинтестиналниот тракт, намалување на хроничниот замор, забрзувањето на вашиот метаболизам и губење на тежината. Сепак, овие програми не се препорачуваат за деца, бремени жени и стари лица кои страдаат од дијабетес, срцеви заболувања, болести на дигестивниот систем или бубрежна болест.

Ако сакате да го детоксирате вашиот организам, ние ќе ви дадеме неколку совети, со што би ви помогнале да го сторите тоа безбедно и ефикасно.

Испирање на дигестивниот систем

Дигестивен систем може да се исплакне со сок или пијалаци од различни видови овошје и зеленчук. Моќна е комбинацијата на кељ, магдонос, ѓумбир и јаболко или спанаќ, моркови, банани и цвекло. Овие комбинации ќе го освежат вашиот дигестивен систем и на телото ќе му ги обезбедат хранливите состојки кои му недостасуваат. Овие сокови консумирајте ги секој ден, но во умерени количини. Не заборавајте дека тие треба да бидат дел од урамнотежена исхрана, а не нејзина основа.

Внимавајте на рамнотежата

Во повеќето случаи на програмата за детоксикација се заснова на зголемен внес на течности, заедно со сок од лимон, јаворов сируп, и кајенски бибер. Некои програми се базираат на внесот на пире од овошје и зеленчук. Некои програми ве советуваат против внесот на протеини, житарици или масти. Ова може да предизвика општа слабост на организмот и тешка работа на дигестивниот систем. Овие програми за исхрана често не се научно базирани, и се поддржани од недоволен внес на калории. Овие програми за детоксикација, може да предизвикаат повеќе штета отколку добро.

Фокусирајте се на мастите

Обрнете внимание на изворите на масти во вашата исхрана, како што се путер, маргарин и масло. Маслиново масло е поздрава верзија, но има висока калорична вредност. Тоа не го сакате ако целта ви е губење на тежината. Една чаша маслиново масло содржи околу 2000 калории. Овие масти може да биде главна причина да губењето на тежината е тешко. Повеќе вкус, помалку калории, ќе добиете со додавање на неколку парчиња авокадо во вашата чинија.

Престанете да конзумирате шеќер

Внимателно проучувајте го составот на производот за да бидете сигурни од каде доаѓа шеќерот кој го внесувате. Бел рафиниран шеќер заменете го со природни шеќери, како што е стевиа или кафеав шеќер. Ако сакате да уживате во слатките, секогаш избирајте ги оние со природни извори на шеќер. Кога станува збор за чоколадо, секогаш изберете темно чоколадо со најмалку 60% какао.

Внимавајте на големината на порциите

Ако сакате да изгубите тежина, вие дефинитивно ќе мора да се внимавате на големината на порциите. Порциите треба да се намалуваат во текот на денот. Значи за појадок јадете обилни порции, а подоцна со секој нареден оброк намалувајте ги. Нека половина од вашата чинијата е зеленчук. Во свежиот зеленчук можете да уживате без страв од калории, се уште немало случаи на прекумерна телесна тежина поради прекумерна доза на зеленчук.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз