Пробиотиците, или добри бактерии, кои се наоѓаат во јогуртот, одредени видови на сирење или  кисела зелка, може да им помогнат на луѓето кои страдаат од сезонски алергии.

Научниците, чие истражување се појавува во списанието International Forum of Allergi & Rhinologi, ги анализирале резултатите од 23 истражувања, во кои биле  вклучени вкупно повеќе од 1.900 луѓе. Кога  ја проучувале врската помеѓу начинот на живот и интензитетот на симптомите на алергиите, тие сфатиле дека пробиотиците можат многу  да помогнат за да се ублажат симптомите на алергија.

Најчестите симптоми на алергии се водени очи, чешање во очите, затнат нос, кивање, главоболка, чувство на тежина во очите и останување без здив на изложеност на алергени.

Експертите проценуваат дека 1 од 10 луѓе страдаат од сезонски алергии. Симптомите на алергиите најчесто и обично се ублажуваат со комбинација на различни лекови, вклучувајќи ги и антихистаминиците и спрејовите, кои помагаат во отстранување на застојот на респираторниот систем.

Претходни истражувања  укажуваат на тоа дека пробиотиците може да го забрзаат здравјето на целото тело и да помогнат  во спречувањето на голем број болести, вклучувајќи:  дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања, дебелината и срцев удар.

Ако не сте сигурни во тоа,дали внесувате  соодветен износ на пробиотици или не, не заборавајте да се консултирате со лекар или нутриционист. Достапни се  и пробиотички додатоци(суплементи), иако повеќето експерти советуваат да ги внесувате преку храната.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз