Со оглед на тоа што со години веќе се пишува за пробиотиците, кои се веќе одамна присутни во нашите домашни аптеки, имаме впечаток како да знаеме речиси се за нив. Меѓутоа, се уште постојат информации кои до сега ги немаме слушнато, а кои се многу важни. Една од нив е дека пробиотиците не делуваат поволно само на цревата, туку и на другите органи. Благодарение на нив можат да се намалат симптомите на астма, да се намали ризикот од артериосклероза, да се намали нивото на триглицериди и на холестерол, да се подобри здравјето на устата и забите, да се зајакне имунолошкиот систем, да се зголеми апсорпцијата на нутритиентите и уште многу други полезности.

Пред неколку години се појавија првите студии кои ги покажуваат позитивните ефекти на одредени пробиотски видови во третманите на лекување на дебелината и шеќерната болест, па дури и на некои до сега хронични и неизлечливи заболувања, што укажува на тоа дека во иднина улогата на пробиотиците ќе биде уште позначајно. Не смее да се заборави ни на нивното позитивно влијание на низа метаболички функции. Да речеме, синтезата на витаминот К не е можна без нив, додека многу шеќери можат да се сварат само со нивна помош. Меѓу најинтересните, неретко подзаборавени податоци се наоѓа и оној дека во нашите црева живејат околу сто милиони бактерии, што приближно е за десет пати повеќе од вкупниот број на клетки кои го градат нашиот организам. Волку бројно ,,друштво,, претставува голем здравствен потенцијал, кој треба да се негува.

И покрај речиси бескрајната низа поволности кои пробиотиците ги носат, тие не се ни бонбони ни гуми за џвакање кои ги земаме кога ќе се сетиме на нив. Едуар Слиз од Институтот Росел во Канада, водечка компанија во светот за производство на пробиотски типови бактерии, нагласува дека сите пробиотици не се исти и дека постојат големи разлики во составот, количината на пробиотски бактерии, технологијата на изработка, квалитетот и ефикасноста и дека треба да се води сметка да се применуваат само оние пробиотици чиј состав е проверен. Бидејќи ние не го знаеме ,,родословот,, на типовите бактерии, најсигурно е притоа да се одлучуваме само за производи на угледни произведувачи.

 

Тагови: пробиотици
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина