Биполарното нарушување е исцрпувачка болест како за пациентот, така и за неговото семејство и пријателите. Маничните фази на болеста можат да го нарушат квалитетот на животот на овие луѓе. Се случува пациентите да бидат хоспитализирани со денови, додека нивните симптоми не се стават од контрола.

 

По отпуштањето од болница, постои голем ризик болеста да се поврати, па потребна е многу внимателна опсервација, со цел да се спречи повторното одење во болница. Инаку, постои едноставен додаток во исхраната, кој би можел да помогне при контролирањето на маничните епизоди на болеста. Имено, се повеќе постојат доказаи дека промените на расположението се поврзани со воспаленијата и промените во микробиомот, односно бактериите кои живејат во нашиот дигестивен систем. Пробиотиците можат да помогнат кај разни здравствени состојби, благодарение на противоспалителниот ефект. Научниците од Медицинскиот факултет Џон Хопкинс направиле една интересна студија за една биполарна епизода. Студијата за таа цел одбрала случајно 66 пациенти кои имале биполарно нарушување и ги поделила во две групи. Едната група добивала комбинација од лактобацилус и бифидобактерија, а другата плацебо. Ги следеле 24 недели. Пред почеток на студијата, научниците идентификувале кои пациенти имале поголеми воспалителни маркери. Резултатите биле вџашувачки. Повторна хоспитација се случила кај 51 % од пациентите кои земале плацебо. Кај оние кои земале пробиотици, повторно биле хоспитализирани само 24,2%. Просечно, намалувањето на повторната пријава во болница кај пациентите кои пиеле пробиотици било за 74% пониско во однос на плацебо пациентите.најзначајно откритие било тоа што задржувањето на одделот се намалило за 99% во групата која земала пробиотици.

 

Контролирањето на цревната флора овозможува контрола на психичките болести

 

Оние пациенти кои пиеле пробиотици, во просек останувале по 2,8 дена во болница, во споредба со 8,3 дена за оние со плацебо. Оваа студија ги поткрепува доказите дека цревната флора има влијае врз психичките боелсти.

 

  • Се уште не знаеме дали разновидноста на цревниот микробиом влијае врз манијата и биполарното нарушување – истакнал доктор Марчело Кампос, водач на студијата.
  • Тој објаснува дека истражувањето сугерира дека воспаленијата во телото се поврзани со воспаленијата во цревата, што може да влијае врз расположението, барем кај тешките случаи.

 

Ова истражување потенцијално укажува на тоа дека би било можно да се управува со симптомите кај сериозни случаи на биполарно нарушување со промена на цревниот микробиом.

Кампос нагласува дека студијата била мала и дека одбраните пациенти иамле исклучително сериозно биполарно нарушување.

 

  • Слични студии врз пациенти со поблаги симптоми на депресија и шизофренија наишле на мало влијание на пробиотиците врз расположението. Потребни се уште повеќе податоци, кои ќе се соберат преку високо квалитетни истражувања за да се промени она што моментално се опишува како третман за лекување психијатриски болести – објаснува доктор Кампос.

 

Ова истражување има потенцијал да ја смени праксата на пристап на пациентите со биполарно нарушување по нивното отпуштање од болница. Додавањето пробиотици на лековите, кои пациентите инаку ги пијат, е евтино, ефикасно и едноставно, а и нема пропратни појави.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина