Правилно одбраната забна четкичка, пастата за заби и конецот за заби најмалку два пати дневно и редовните контроли на стоматолог се законите за оралното здравје, а со тоа и за превенција од забниот камен.

 

Природата ги крие лековите

 

Забниот камен е тврда наслојка најчесто локализирана на долните предни заби. Настанува од плакот кој се формира на забите веќе по два часа по нивното миење. Не настанува кај сите луѓе подеднакво брзо и на некои може да им задава вистински маки. Ако сте едни од овие луѓе, секако обидете се со некој од следниве рецепти.

 

Сода бикарбона. Ова е еден од најпознатите борци против оваа непријатна појава. Се што треба е да ја намокрите четкичката за заби и да нанесете на неа сода бикарбона. Четкајте ги забите дваесеттина секунди, па измијте ја устата со вода. Во сода бикарбоната можете да додадете прстофат сол.

 

Храна богата со витамин Ц. Најчести рецепти за лесен ,,пилинг,, на забите се смесата од јагоди и домати и кора од лимон и портокали.

 

Семки од сусам. Земете грст сусам и полека џвакајте ги, но не ги голтајте. Истријте ги забите со оваа смеса со помош на четкичка за заби.

 

Зелена глина во прав. Нанесете го правот на четкичката за заби и користете ја како паста.

 

Лушпи од ореви. Сварете 30 грама лушпи од ореви во вода. Варете ги 15 минути. Оваа смеса нанесете ја на четкичката за заби и мијте ги забите 3-5 минути.

 

Јаболков оцет. Еднаш неделно се препорачува накратко да се мијат забите со јаболков оцет, а потоа задолжително добро измијте ја устата со вода.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина