Природни сокови за убавина и здравје
Овие сокови од овошје и зеленчук се одличен избор кога ќе посакате да се наполните со енергија и да го исчистите организмот од токсини. Природните витамини и минерали не можат да се заменат со ништо така што за многу кратко време ќе осетите прилив на енергија и ќе се чувствувате полесни и посреќни.
Калинка,јаболко и портокал
Неколку калинки,2 јаболки и 3 портокали ставете ги во блендер.По желба може да додадете малку лимонов сок и мед.
Лимон,портокал и банана
Необична но многу вкусна комбинација.Ставете во блендер 2 банани и 3 портокали и на крај исцедите половина лимон.По желба можете да засладите со мед.
Цвекло,компир и морков
Овој сок е полн со бета каротин,антиоксиданси и го намалува крвниот притисок.Ставете помало цвекло во блендер заедно со 4 моркови со средна големина и додадете половина сладок компир.Додадете и малку вода и процедете.
Банана,спањаќ и авокадо
Ставете поголема банана,1\3 авокадо и 100гр. Свеж спањаќ во блендерот.Додадете и малку ананас или манго за подобар вкус.
Во соковите од зеленчук можете да додадете и чај од магдонос или глуварче,кои се совршени за детоксикација и пролетно освежување на организмот. Исто така, добар избор е додавање на ѓумбир во секој од овие сокови.