Стручњакот по дерматологија, Витни Боув, тврди дека овие природни начини за ублажување на каснувања и убоди се подеднакво ефикасни како и лековите.

Есенцијални масла

Маслата од чајно дрво, лаванда и кокос имаат својства да ги ублажат чешањето, болката и отокот. Маслото од чајно дрво делува антибактериски и може да спречи инфекции. Некои масла од разни видови можат да бидат покисели од другите. Доколку е маслото пресилно, може да го разредите со вода пред да го нанесете на кожата.

Мед

Ако не ви пречи малку лепливост, медот ќе делува противоспалително и ќе направи помалку да се чешате.

Млеко

Измешајте во подеднаква количина млеко и вода, земете памукче, натопете го смесата и со неа тапкајте ја кожата.

Сок од лимон или лимета

Ова овошје ќе го намали чешањето, а делува и антибактериски. Важно е само доколку ја користите оваа метода да не сте на сонце, бидејќи сокот може да ви ја изгори кожата.

Паста за заби

Повеќето пасти за заби се со вкус на нане или ментол, а ментолот создава чувство на ладење. Освен што ќе го намалите чувството на чешање, пастата за заби помага и за намалување на отоците.

Босилек

Овој зачин не се користи само во кујните. Листовите на босилек содржат хемикалии, како што е камфорот, а тоа дава чувство на свежина. Згмечете неколку свежи листови босилек и со нив истријте го каснатото место.

Мраз

Една коцка мраз може да ги стегне крвните жили и со тоа да го намали природното опуштање на хистамин, што значи и помалку чешање.

Оцет

Оцетот е одличен домашен лек против чешање. Најдобар е јаболковиот. Нанесете го директно на каснатото место, а доколку сте на повеќе места каснати, наполнете ја кадата со топла вода, ставете во неа три филџани оцет и легнете во неа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина