Летото е веќе тука, а со нив и проблемите со изгорениците кои настануваат како последица на претерано изложување на сонце. Иако повеќето жени сакаат да имаат убав исончан тен, докторите не препорачуваат претерано сончање, поради последиците кои ги носи со себе. Изгорениците знаат да бидат особено многу болни, па доколку при рака немате соодветен крем која ќе ви помогне да ги ублажите болката и црвенилото, можете да подготвите домашни мелеми, со чијашто помош ќе се ослободите од маките

 

Масло од кантарион

 

Кантарионовото масло е фантастичен природен лек. Освен што е добар при лекувањето на изгореници, добар е исто така и за санирање на свежи рани кои крварат. Три до четири лажици суви цветови кантарион се прелеваат со 2 дл. маслиново масло и им се додава една мала кафена шолја вода, се остава да отстои во добро затворено стаклено шише 5-7 дена. Потоа чиста газа се натопува со оваа течност и полека се премачкуваат раните.

 

Лосион од краставици

 

Изрендајте една краставица и исцедете го сокот од неа. Додајте четврт шолја глицерин, четврт шолја вода од рози и се добро измешајте. Мачкајте ја кожата со оваа смеса три пати дневно.

 

Мелем од нане и лаванда

 

Измешајте 60 мл. дестилирана вода, девет капки етерично масло од лаванда и две капки етерично масло од нане. Земете една вата, убаво натопете ја во оваа смеса и со неа нежно минувајте по изгорениците и црвенилото на кожата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина