Голем број жени имаат сува и дехидрирана кожа. Таквата кожа е многу тенка, без природна влага и подложна на формирање брчки. За нејзиното закрепнувањее не се неопходни скапи креми или козметички третмани. Проблемот може да се реши и со намирниците кои по правило можат да се најдат во секоја куќа. Сувата и дехидрирана кожа се негува со производи кои ги доведуваат во нормала длабинските слоеви за да се поттикне лачењето на себумот, чија функција е спречување на сушење на кожата, а кој на нејзината површина создава тенок слој заштитен “премаз”

За да проверите дали кожата на лицето ви е сува и дехидрирана, измијте се и почекајте десет минути, немојте да го бришете лицето. Ако потоа кожата почнува да се затегнува, можеби и да пецка, односно почувствувате одредено чешање, тоа значи дека таа е сува и дехидрирана.

Жените со таков тип на кожа знаат дека и е потребна секојдневна нега со која се надоместува она што и недостасува: маснотии и влага. Маската се нанесува на лицето најмногу два до три пати неделно. Целта на маската е да ја ревитализира кожата и да и ја врати влагата и свежиот изглед. Се става исклучиво на исчистена кожа, на која нема шминка.
 

Маски за сува кожа

 
1. Измешајте половина зрела банана со јогурт и со лажичка мед. Додадете неколку капки бадемово масло и пастата нанесетеја на исчистено лице. Држете ја 15-20 минути, а потоа измијте ја со млака вода.
2. Свежо кравјо сирење (3-4 лажички) се мешаат со јогурт и лажичка мед. По 15-20 минути измијте го лицето со млака вода.
3. Излупете едно зрело авокадо, испасирајте го во пире и во него додадете малку кравјо сирење и млеко. По 15-20 минути измијте го со млака вода.

4. За сите типови на кожа, па и за сувата, која е дехидрирана, добра е маската од моркови, авокадо и маслиново масло. Морковите се варат и му се додаваат половина иситнето авокадо и лажичка масло. Оваа маска мора да делува 15 минути.

По нанесување на маските, пожелно е да очните капаци да се стават блазници натопени со чај од камилица и да се лежи во малку затемнета просторија, со нозете малку подигнати. Маските можат да се нанесуваат и додека се опуштате во када, бидејќи пареата од топлата вода ќе овозможи нејзините состојки што побрзо да продрат во кожата на лицето.

Со редовното користење на овие маски постепено се зголемува степенот на хидрираност на кожата на лицето, а тенот станува посвеж и посјаен. Притоа не заборавајте дека ниту една маска не се нанесува околу пределот околу очите, туку овој дел се негува на сосема поинаков начин.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина