течени ви се стапалата? Тешко чекорите и чувствувате болки или непријатност при секој чекор? Ако сте забележале дека отокот се јавува само после долго одење или стоење, немате потреба да се загрижувате. Меѓутоа, овој проблем може да се појави и од сериозни причини, како што е на пример неправилна работа на бубрезите и на кардиоваскуларниот систем.

Можни причини за отекување на стапалата се:

  • предолго одење или стоење

  • претерана употреба на лаксативи и диуретици

  • консумирање големи количини сол и јагленохидрати

  • бременост и ПМС
  • задржување на натриумот во оранизмот

  • срцеви заболувања и тромб

  • алергии

  • трауми

Прво мора да се открие причината за отекувањето, а потоа треба да се применат некои од следниве природни решенија.

Пијте повеќе вода

Со оглед на врелите денови кои ни претстојат, секогаш имајте со себе шише со вода. Консумирајте барем по 10 чаши вода во мали голтки. Освен што ќе го хидратизирате и детоксицирате организмот, ќе го отстраните од телото и вишокот на сол, кој исто така допринесува за отекување на нозете.

Пливајте!

Притисокот од водата кој го чувствувате додека пливате ќе поттикне позитивни процеси во вашите нозе и ќе го поттикне протокот на крвта низ вените. Одвреме – навреме лебдете на површината на водата – тоа ќе биде одлично за елиминирање на влијанието на гравитацијата на циркулацијата.

Ставете ги стапалата во бања со горчлива сол

Горчливата сол, која е позната по нејзиниот релаксирачки ефект, е многу корисна за здравјето, брзо ја намалува болката и непријатноста кои ги предизвикува отокот. Содржи магнезиум сулфат, кој лесно се апсорбира преку кожата и кој ја поттикнува циркулацијата и со тоа го намалува отокот. Горчливата сол може да се додаде во водата и во неа да се држат нозете околу 20 минути.

oteceni-noze1

Испробајте го јаболковиот оцет

Овој здрав оцет, кој ги има задржано најдобрите состојки од јаболката, ги поттикнува метаболизмот и циркулацијата. Благодарение на минералот калиум, јаболковиот оцет го спречува насобирањето на течностите во стапалата и глуждовите. Освен што можете да го консумирате како храна, додавајте го и во бањите за стапалата. Во леген со топла вода додадете 2 – 3 лажици јаболков оцет и ставете ги да стојат во неа стапалата се додека не почувствувате како целосно се имаат опуштено. Потоа оставете ги сами од себе да се исушат.

Подгответе напиток од меласа и анасон

Меласата, високо хранлив нуспроизвод кој се добива при производството на шеќерот, е многу поздрава од обичниот шеќер, благодарение на изобилството од минерали, како што се железото, магнезиумот, калциумот и манганот. Освен што ќе делува ефикасно на стапалата, ќе биде полезна и за здравјето на целиот организам. Сварете еден до два филџани вода со половина лажичка сируп од меласа и лажица анасон. Варете додека водата не се редуцира на половина. Пијте го овој напиток 2 – 3 пати дневно и ќе забележите намалување на отоците.

Направете бања со семе од коријандер

Освен што ги намалува отоиците, коријандерот ја ублажува и болката во стапалата. Варете 2-3 лажици семе од коријандер во два филџана вода, се додека течноста не се намали на половинаа. Кога ќе се олади малку, држете ги стапалата во неа.

Масирајте ги стапалата со масло од рен

Маслото од рен изобилува со корисните минерали селен и магнезиум, и има противоспалителни својства. Со масирање на стапалата со ова масло ќе се поттикне циркулацијата и ќе се ублажи заморот во нозете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина